Thursday, March 15, 2012

Новиот амбасадор на Нивната унија и името Македонија

Новиот амбасадор на Нивната унија во Македонија, при превземањето на својата функција немаше храбост ниту доблест, да го изговори името на земјата во која што е назначен (Алфа, понеделник, 05 март 2012, 18:57):

Орав ја презеде функцијата без да каже Македонија

„Почитуван претседателе, дозволете ми да го цитирам поранешниот претседател Борис Трајковски - Оваа прекрасна земја припаѓа во обединета Европа. Ве уверувам дека тоа ќе биде и моја заложба“, рече евроамбасадорот Аиво Орав.

Проговори на македонски, ја нарече прекрасна, но не најде место во своето прво обраќање да го изговори името на земјата. Новиот евроамбасадор Аиво Орав, по теркот на неговиот претходник Петер Соренсен, при предавањето на акредитивите на претседателот Ѓорѓе Иванов, вешто прескокна да изговори Македонија.

По тој повод во неговото електронско сандаче ја испративме следнава порака:

----------

Почитуван амбасадоре на Вашата унија,

Ви благодариме затоа што ја нарековте нашата татковина МАКЕДОНИЈА "прекрасна". Сепак дали ќе ја нарекувате "прекрасна" или "грда", на крајот на краиштата си е Ваше право. Но она што треба да го запомните е дека нашата татковина не е земја епитет, туку земја со свое сопствено име кое гласи МАКЕДОНИЈА.

Ако немате доблест да ја именувате оваа "прекрасна" земја со нејзиното вистинско име МАКЕДОНИЈА, како воопшто очекувате некој нејзин граѓанин да ги сфаќа Вашите комплименти добронамерно и искрено, а кон Вас да ја има неопходната доза на почит?

Не знам каков е обичајот во Вашата унија, но во нашата татковина МАКЕДОНИЈА, очекуван обичај е гостинот да не го навредува домаќинот. Вие овде во МАКЕДОНИЈА сте новодојден гостин и како гостин сте должни да ја почитувате истата. Но наместо тоа Вие ги навредивте нејзините граѓани со тоа што намерно не го изговоривте името на оваа според вас "прекрасна", но безимена земја.

Со надеж дека ќе извлечете поука од ова писмо и дека ќе престанете да се однесувате кон македонското име без ронка почит. Во спротивно немојте ни Вие да очекувајте некој граѓанин на МАКЕДОНИЈА да Ве почитува Вас.

----------

Доколку и вие се почувствувавте навредени од неговото намерно изоставување на името на нашата татковина Македонија, ве охрабрувам да му испратите ваше протестно писмо.

delegation-fyrmacedonia(ат)ec.europa.eu
delegation-fyrmacedonia(ат)eeas.europa.eu
euinfo(ат)euic.mk

Замени (ат) со @

1 comment:

macedonian said...

Се придружувам на пораката... со тоа што сакам да нагласам дека - како што Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го врати извештајот од таму некои европски структури - можеше тоа да го стори и овој пат!