Sunday, March 11, 2012

Кога правдата ќе стане субјективна

Непосредно по двократното убиство во Гостивар, се јавија групи, спремни ко само да чекале нешто да се случи, и веднаш организираа "протести против полициската бруталност" во неколку македонски градови. Истите побараа оставка од министерката Јанкуловска и повикуваа за добивање "правда" (Радио Слободна Европа, недела, март 11, 2012 Скопје 19:40 ):

Стоп за полициска бруталност! Правда, правда, сакаме правда! Јанкулоска-оставка, извикуваа неколку стотини демонстранти кои протестираа против полициската бруталност, поттикнати од двојното убиство во Гостивар, кое го изврши полицаец кој не бил на службена должност, но го искористил службениот пиштол.

Повикот за протести го испрати движењето „Стоп за полициска бруталност“.

Не дека јас ја подржувам полициската бруталност, но каде се истите овие големи поборници за правда сега, кога насилничките банди каменуваат автобуси, демонстрираат самоволие и претепуваат невини деца и беспомошни шеесетишестгодишни граѓани на оваа земја? Зошто сега не бараат правда кога на дел од пронајдените насилници наместо мерка притвор им беше дозволено да се бранат од слобода? (Канал 5, 11.03.2012, 11:32)

Истражниот судија одредил мерка куќен притвор за едниот полнолетен и двајца малолетни момчиња осомничени дека учествувале во инцидентот во автобусот со број 58 во Кисела Вода. Едниот полнолетен е во куќен притвор, а другиот ќе се брани од слобода

Веројатно сега не ги интересира правдата. Стандарди ли се стандарди...

No comments: