Tuesday, February 28, 2012

Македонската ДНК била бугарска?

Неодамна (23.01.2012 | 11:31) на бугарскиот Интернет портал Novini.bg излезе статија со наслов:

"Научниците од Скопје признаа: македонската ДНК е бугарска"
(Учени от Скопие признаха: Македонското ДНК е българско).

Всушност избраниот наслов не е ништо друго туку лажлива пропаганда, селективно прифаќање на резутатите од посоченото истражување и извртувања на фактите кои ги толкува како што им одговара.

Гревот за изнесените лаги е на нивна душа, не заради антимакедонската дејност, туку примарно затоа што намерно и плански ги лажат нивните читатели и бугарската јавност.

Сепак, и прокрај тоа што вистинската вест беше оваа (Sky.mk):

"Институт по судска медицина Скопје: Македонците имаат слични гени со Србите, Хрватите, Босанците и Бугарите."

ајде да видиме дали навистина македонската ДНК е бугарска?

Со факти да провериме од каде доаѓа сличноста на македонските и бугарските гени.

За миграцијата на Македонците од Македонија (во времето кога таа била под Отоманска власт) во Бугарија е спомната во голем број светски весници. Во американскиот весник New-York tribune (стр. 5), во статија од 5 април 1903 година со наслов "Македонски бегалци" (Macedonian refugees) се опишува за строго локализиран миграциски бран од 1000 Македонци(!) во бугарски град со општо 6000 граѓани.

"Во Дупница, град со 6000 жители има речиси 1000 бегалци и бројот се зголемува и покрај реформите на Султанот во Македонија."

Македонците во тој град биле дури 14.29% од вкупниот број на население. И како после да немаме слични гени?

Понатаму во статијата пишува:

"Во едно мало место близу манастирот има исто толку бегалци колку што и жители. "

Или во бројки 50% Македонци - 50% Бугари.

Во книгата Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) од Стојан Киселиновски (Глава втора, Сменувањето на етничкиот состав на населението во Егејскиот дел на Македонија 1913-1928, стр. 26) има табела за бројот на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија (Грција) во Бугарија:




Само од егејскиот дел на Македонија и само во овој период, 1913-1928, поради репресиите од страна на Грција, во Бугарија се иселиле 86,582 Македонци! И како после да немаме слични гени?

Според ова заклучокот е дека не македонската ДНК е бугарска, туку обратно!

Поради присилните преселби и прогони на Македонците и поради денационализаторската бугарска политика кон доселените во Бугарија Македонци, "бугарската" ДНК станала македонска.

2 comments:

Anonymous said...

Малоумник

Anonymous said...

Во западна Бугариjа (Македониjа) има 1500000 Бугари и 500 000 Албанци.