Thursday, February 16, 2012

И Георгиевски некогаш беше потомок на античка Македонија

Љубчо Георгиевски неодамна во бугарски документарец обвини дека Македонците погрешно се чувствувале како потомци на античка Македонија:

„Мнозинството од Македонците веќе се сметаат дека се потомци на античка Македонија, благодарејќи пред сè на државната политика која во последните интензивно три години комплетно ја менува историјата на Македонија...“

Но зошто овој поборник против свеста на Македонците дека се потомци на античка Македонија, на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ од 17.06.1990 година, во Скопје комотно стои зад 16зрачното македонско сонце (т.н. Сонце од Кутлеш) како што се гледа на сликата долу:





Зошто тогаш Георгиевски не се бунел дека треба да се лишиме од нашето античко минато и застанал зад овој симбол кој е можеби најпрепознатлив белег на таа античка Македонија?

Дали се сеќава дека кога ја извршуваше функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Република Македонија своеволно на својата визит картичка го има ставено овој симбол (16зрачно сонце), кој влече корени уште од античка Македонија:





Зошто тогаш не му пречело античкомакедонското наследство, кое сега толку многу му пречи?

Дали се сеќава дека за разлика од денес, некогаш се борел за зачувување и негување на нашето античко минато и херои како што кажува на оваа видео, снимено за време на основање на месен комитет во скопско:



„...Историјата на античка Македонија, ние сметаме дека ние мораме да поведиме достојна држава кон нашиот антички предци бидејќи тие живееле и твореле на територијата на Македонија...“

Во емисија на Чуму (3:12) пред некоја година, Георгиевски има кажано:

„...Имавме ние пред 20 години кога луѓето со сила беа правени Југословени, денеска имаме со сила правење на луѓето на антички Македонци...“

Но дали навистина пред дваесет години (по прогласувањето на независноста) луѓето со сила се правеле Југословени или истите тие луѓе веќе си се чувствувале како потомци на античка Македонија, а истиот овој Љубчо Георгиевски говорел, спротивно на она што го говори денес, дека Македонците мора да се потсетат оти се потомци на античка Македонија.

Сега тој самиот нека се потсети што говорел за античка Македонија и за Александар Македонски на митинг од 7.11.1990:



„...Да го вратиме она место кое Македонија го имаше повеќе од 3000 години, сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму од оваа наша почва македонска тргнаа војските на Александар Македонски...“

Човек слушајќи ги овие негови изјави од почетокот на девеесетите и оние денес има чувство како да се работи за две сосема различни личости или пак за една личност со длабоки здравствени проблеми.

2 comments:

Anonymous said...

БЕЗ КОМЕНТАР: БАБА ЛАЖЕ, РОГ НЕ ЛАЖЕ!

Уредил: Тодор ПЕТРОВ

Изјава на Љупчо Георгиевски во интервјуто на МТВ со водителот Љубиша Николовски, 1991 година:

“Во ВМРО-ДПМНЕ верувајте навистина нема никакво бугарофилство. Нашата политика е многу јасна. Ако веќе први ја исфрливме идејата за една потполно независна самостојна Mакедонска држава, верувајте дека ние немаме намера никогаш да скршнеме од таа идеја... Кои се интересите на ВМРО-СМД во Бугарија и во Македонија да се докаже, дека ВРМО-ДПМНЕ е бугарофилска партија, навистина не ми е јасно...“

Изјава на Љупчо Георгиевски во интервјуто за ТВ КАНАЛ5 со новинарот Васко Ефтов, 28 мај 2010 година:

“Од 1990-та па до 2002-та година кога јас заминав, можам слободно да ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија на бугарофили. Слободно можам да ви кажам дека две-третини од членовите на Извршниот комитет перманентно биле т.н. бугарофили, 50% од членовите на ЦК биле т.н. бугарофили... Македонската нација денес е варијанта на српската нација! Македонскиот народ денес не сака сопствена македонска држава! Македонскиот народ најсреќен ќе беше да останеше во Југославија!...“

Изјава на Љупчо Георгиевски во интервјуто за ТВ-24 часа со водителот Љупчо Цветановски, 11 февруари 2012 година:

“Дали сум бугарофил? Јас ... сум бугарофил... бугарофил сум затоа што сметам дека имаме лажна историја.“

Изјава на поранешниот бугарски потпретседател Ангел Марин, ополномоштен од последниот бугарски претседател Ѓорѓи Прванов за потпишување на указите за прием во бугарско државјанство, на службената интернет-страница на претседателот на Република Бугарија, во интервјуто за весникот “24 часа“ со новинарката Диана К’нчева, 21 јули 2006 година:

“На 23 февруари 2006 година потпишав указ за прием во бугарско државјанство на Љупчо Георгиевски според неговото “бугарско потекло“. Бугарското потекло на Георгиевски е докажано!“

Anonymous said...

Љубчо Георгиевски се гордееше со Александар Македонски“, Дневник, 14/12/2013