По повод македонскиот игран филм "Трето полувреме", тројца бугарски европратеници - Евгени Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев испратија протестно писмо* до еврокомесарот Штефан Фуле, поради неговата наводна навредлива за Бугарија содржина, ширењето на историски манипулации и откриениот говор на омраза кон Бугарите:
Јас би им препорачал на овие тројца бугарски европратеници да ја погледнат филмската класика - Казабланка, со специјално внимание на следниот говор:
"Доаѓаме од Бугарија. О, не нештата се многу лоши таму, господине. Ѓаволот** ги држи луѓето за врат. Па Јан и јас, ние, ние не сакаме нашите деца да растат во таква земја."
Ова го кажува ликот на Анина, млада девојка која доаѓа од Бугарија, земјата за која што вели дека е во толку лоша ситуацијата што ниту таа, ниту нејзиниот сопруг сакаат нивните деца да растат таму!
Потаму главниот машки лик Рик (Хемфри Богарт) и' вели "Вратете се вo Бугарија" (Go back to Bulgaria), на што Анина му одговара негативно за втор пат, само овојпат не толку директно.
Од ова поголема критика прикажана на филм за Бугарија од тој период, здравје! Но тоа не е сè. Анина толку цврсто е решена да не се врати во Бугарија (кој би бегал од убаво) што е спремна ако треба дури и да има сексуален однос со капетанот Рено како би добила излезни визи. Ова е потврдено и во IMDb:
"Анина размислува да спие со Рено за да се добие излезни визи"
Инаку "Казабланка" на речиси сите листи стои меѓу првите сто филмови на сите времиња (IMDb - 19 место), а од вкупно осумте номинации има добиено три оскари - за најдобар филм (!), режија и сценарио. Да, сценариото во кое пишува дека ситуацијата во која се наоѓа Бугарија во тој период е лоша и неповолна за растење на деца има добиено оскар.
Интересно е и тоа што дејствието на филмот "Казабланка" е сместено во истиот период во кој што е сместено и дејствието на македонскиот игран филм "Трето полувреме" - втора светска војна.
Доколку бугарските европратеници и дел од бугарските новинари за филмот "Трето полувреме" реагираа толку бурно и ја обвинија Македонија дека шири историски невистини, бугарофобија и говор на омраза очекувам во истиот дух да реагираат и за повеќе од половина век стариот американски филм (1942) - "Казабланка" кој што исто така за бугарската власт од тој период говори во негативно светло.
*Статија на Канал 5 за протестното писмо.
**Според Filmsite се мисли на бугарскиот диктаторски цар Борис III (dictatorial Tsar Boris III).
Интервју со режисерот Дарко Митревски.
...Очигледно повторно стануваме сведоци на еден од многуте случаи на градење на македонскиот идентитет врз историски фалсификати... очекуваме да го поставите прашањето на користењето на јазикот на омраза кон Бугарија во официјалните контакти со македонските институции...
Јас би им препорачал на овие тројца бугарски европратеници да ја погледнат филмската класика - Казабланка, со специјално внимание на следниот говор:
We come from Bulgaria. Oh, things are very bad there, Monsieur. The devil has the people by the throat. So, Jan and I, we, we do not want our children to grow up in such a country.
"Доаѓаме од Бугарија. О, не нештата се многу лоши таму, господине. Ѓаволот** ги држи луѓето за врат. Па Јан и јас, ние, ние не сакаме нашите деца да растат во таква земја."
Ова го кажува ликот на Анина, млада девојка која доаѓа од Бугарија, земјата за која што вели дека е во толку лоша ситуацијата што ниту таа, ниту нејзиниот сопруг сакаат нивните деца да растат таму!
Потаму главниот машки лик Рик (Хемфри Богарт) и' вели "Вратете се вo Бугарија" (Go back to Bulgaria), на што Анина му одговара негативно за втор пат, само овојпат не толку директно.
Од ова поголема критика прикажана на филм за Бугарија од тој период, здравје! Но тоа не е сè. Анина толку цврсто е решена да не се врати во Бугарија (кој би бегал од убаво) што е спремна ако треба дури и да има сексуален однос со капетанот Рено како би добила излезни визи. Ова е потврдено и во IMDb:
Annina contemplates sleeping with Renault to obtain exit visas
"Анина размислува да спие со Рено за да се добие излезни визи"
Инаку "Казабланка" на речиси сите листи стои меѓу првите сто филмови на сите времиња (IMDb - 19 место), а од вкупно осумте номинации има добиено три оскари - за најдобар филм (!), режија и сценарио. Да, сценариото во кое пишува дека ситуацијата во која се наоѓа Бугарија во тој период е лоша и неповолна за растење на деца има добиено оскар.
Интересно е и тоа што дејствието на филмот "Казабланка" е сместено во истиот период во кој што е сместено и дејствието на македонскиот игран филм "Трето полувреме" - втора светска војна.
Доколку бугарските европратеници и дел од бугарските новинари за филмот "Трето полувреме" реагираа толку бурно и ја обвинија Македонија дека шири историски невистини, бугарофобија и говор на омраза очекувам во истиот дух да реагираат и за повеќе од половина век стариот американски филм (1942) - "Казабланка" кој што исто така за бугарската власт од тој период говори во негативно светло.
*Статија на Канал 5 за протестното писмо.
**Според Filmsite се мисли на бугарскиот диктаторски цар Борис III (dictatorial Tsar Boris III).
Интервју со режисерот Дарко Митревски.
No comments:
Post a Comment