Friday, October 21, 2011

Протестно писмо до ЈСП

Протестно писмо до одговорните во:
Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) - jsp1(ат)jsp.com.mk (и овде)

И известување до:
Град Скопје, градоначалник - gradonacalnik(ат)skopje.gov.mk
Град Скопје, односи со јавност - mediumi(ат)skopje.gov.mk ; gragjani(ат)skopje.gov.mk

Автор: Vanlok, преземено од Кајгана

наслов на пораката: Pismo za protest zaradi ramnopravnost vo prevozot na JSP

До одговорните во Јавното Сообраќајно Претпријатие,

Со овој протест Ви укажуваме дека вашето претпријатие го прекршува уставот и законот со тоа што на одредени градски и приградски линии наплаќа карти само на не-Албанци, додека казнетите се секогаш не-Албанци.

Ние засегнатите граѓани Ве известуваме дека ќе преземеме иницијатива со масовно учество каде ќе ги известуваме сите надлежни институции и претставниците на меѓународните организации за овој проблем се додека истиот не биде решен.

Видео снимки од мобилни телефони и фотоапарати од ваквите настани, каде казни се делат селективно само на не-Албанци ќе бидат постирани на јавни веб сајтови, веб портали и на други места. Копии ќе бидат испратени од сите горенаведени странки.

Иницијативниот одбор со адвокат ја разгледува можноста да против вашето претпријатие поднесеме тужба за ова блатантно и срамно прекршување на Законот и Уставот на Република Македонија. Повеќе адвокати и студенти по право веќе изразија подршка и понудија про-боно учество во тужбата и случајот.

Сметајте се формално и правно известени за претстоечката тужба. Само од Вас зависи дали ќе почнете да работите законски или ќе продолжите со прекршување на Законот и Уставот на Република Македонија.

Искрен поздрав,
Граѓаните на Македонија

No comments: