Monday, October 17, 2011

Идиотократија

Сигурно и вас ве лажеле дека светот го вртат парите исто како што претходно лажеа дека земјата е рамна плоча. Повторно лажат дека во светот владее демократија, а всушност со светот владеат идиотократите.

Но што е тоа идиотократија? Тоа е кога неспособните луѓе на врвот на пирамидата ќе ги постават и набијат најспособните, а потоа ќе владеат во нивно име.

Како и секое друго општествено уредување и ова има свои вариетети:

Евроидиотократија е елитистичко уредување со долга традиција кое едно време со закон пропишуваше за колку степени најмногу може да бидат искривени краставиците наменети за јадење, а остана слепа на фактот дека некои луѓе немаат леб да јадат не пак краставици.

Дволична идиотократија е кога постојано па дури и во најнереалните филмови јасно нагласуваш дека никогаш нема да преговараш со терористи, а на друга земја и сугерираш да седне на маса со нив и да потпише Охридски рамковен договор.

Најекстремна форма на идиотократија, подобра единствено од анархистичкото лудило е радикалната идиотократија која претставува даден потврден одговор за започнување на преговори за името на земјата во која што живееш поради таквото барање поставено од друга земја.

Да живее идиотократијата! Да живеат идиотите!

No comments: