Страницата на социјалната мрежа Фејсбук именувана „Македонци“ е местото каде што се родила идејата Денот на независноста да се одбележи со протест против промена на името. Александар Стеванов, еден од вклучените во организацијата на протестот, вели дека зад идејата не стои еден човек туку спонтана колективна потреба. - Се одлучивме за 8 септември бидејќи е Ден на независноста, 20 години откако Македонците покажаа дека сакаат да живеат во сопствена држава со име Македонија, како што и гласеше прашањето во референдумот - објаснува Стеванов.
Деновиве групата забрзано се подготвува на плоштадот „Македонија“ од 12 до 17 часот да протестира против промената на името. Бројот на оние што го потврдиле присуството постојано се зголемува, а организаторите, именувани исто како и страницата „Македонци“, најавуваат дека на ден пред одржувањето планираат да поделат и летоци по факултети, студентски домови, средни училишта или, како што велат, да го „преплавиме Скопје со флаери“.
- Ова е протест за заштита на името на оваа држава, за која гинеа нашите предци. Протест за прекин на преговорите за обезличување. Протест за заштита на правата за национална јазична и културна самоидентификација, гарантирани од меѓународната конвенција за човекови права на Обединетите нации, меѓународната конвенција за човекови права на ЕУ и многу други меѓународни договори и организации, кои го бранат основното човеково право на дигнитет и достоинство - пишуваат организаторите.
Сето ова лично од нив би можел да го чуе и највисокиот државен врв, кој, според најавите, на Денот на независноста ќе ги промовира објектите од проектот „Скопје 2014“, од кој најголемиот, споменикот „Воин на коњ“, се наоѓа токму на локацијата на закажаниот протест - градскиот плоштад. Споменикот, кој деновиве го добива својот конечен изглед со поставувањето на војниците и на лавовите, веќе предизвика експресни реакции од официјална Атина, која во тоа препозна неконструктивност од Скопје.
Преговорите за името во ООН, пак, се чини се замрзнати подолг период, а последната средба со посредникот Метју Нимиц се одржа пред половина година.
Не може да се каже дека во Македонија транспарентноста ни е доблест, одговора Стеванов на прашањето зошто во ваква атмосфера во која нема најава за никаков прогрес паднала одлуката за протести.
- Ако се планира промена на име, референдум за промена на име што е особено сензитивно прашање, тоа не верувам дека ќе им се соопшти на граѓаните долго пред фактички да се случи, а тогаш ќе биде доцна и за да се спречи ќе треба повеќе од протест. Протести за името нема веќе цела година, па време е сите да се потсетат и во Македонија и надвор од неа - вели Стеванов.
Светскиот македонски конгрес во летото 2009 година организира протест во периодот кога тогашниот еврокомесар за проширување Оли Рен беше во официјална посета барајќи од него да го запре „грчкиот геноцид“. Следната година испровоцирани од грчката крајбрежна стража, која извикуваше „вие сте Скопјани, од вашата кожа ќе направиме облека“, пред грчкиот конзулат се одржа протест под мотото „СТОП на грчкиот фашизам“. Но овие два протести немаа масовност за разлика од оној што се одржа во февруари 2008 година, непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт на кој Македонија не стана членка поради грчката блокада.
Скопје, 11 август - Доста беше, рзбуди се! Под ова мото група која што себе си се нарекува „Македонци“ на социјалната мрежа фејсбук повикува на протести на денот на независноста , 8 септември, за зачувување на Уставното име.
Пред можен референдум, да ги потсетиме дека ние сме против било какви промени на името, се вели во описот на протестот во групата
„Протест за заштита на правата за национална јазична и културна самоидентификација гарантирани од меѓународната конвенција за човекови права на Обединетите Нации, меѓународната конвенција за човекови права на Европската Унија и многу други меѓународни договори и организации кои го бранат основното човеково право на дигнитет и достоинство“, пишуваат „Македонците“, во својот повик на фејсбук.
„Македонија, Македонци, Македонски, само ова го признаваме“, велат организаторите на анстанот.
„Македонците“ повикуваат да се пренесе веста за протестот и како што велат да се прошири манифестот за да дојдат сите што ја сакаат земјата и „да не се дозволи да не обезличат и распартчат на милиони парчиња“
Засега свое присуство на протестот потврдиле 645 поканети, а од 7300 се чека одговор.
Дел од членовите што се од внатрешноста дури се договараат и за организиран превоз, за повеќе посетеност од другите градови.
2 comments:
Нова Македонија
Страницата на социјалната мрежа Фејсбук именувана „Македонци“ е местото каде што се родила идејата Денот на независноста да се одбележи со протест против промена на името. Александар Стеванов, еден од вклучените во организацијата на протестот, вели дека зад идејата не стои еден човек туку спонтана колективна потреба.
- Се одлучивме за 8 септември бидејќи е Ден на независноста, 20 години откако Македонците покажаа дека сакаат да живеат во сопствена држава со име Македонија, како што и гласеше прашањето во референдумот - објаснува Стеванов.
Деновиве групата забрзано се подготвува на плоштадот „Македонија“ од 12 до 17 часот да протестира против промената на името. Бројот на оние што го потврдиле присуството постојано се зголемува, а организаторите, именувани исто како и страницата „Македонци“, најавуваат дека на ден пред одржувањето планираат да поделат и летоци по факултети, студентски домови, средни училишта или, како што велат, да го „преплавиме Скопје со флаери“.
- Ова е протест за заштита на името на оваа држава, за која гинеа нашите предци. Протест за прекин на преговорите за обезличување. Протест за заштита на правата за национална јазична и културна самоидентификација, гарантирани од меѓународната конвенција за човекови права на Обединетите нации, меѓународната конвенција за човекови права на ЕУ и многу други меѓународни договори и организации, кои го бранат основното човеково право на дигнитет и достоинство - пишуваат организаторите.
Сето ова лично од нив би можел да го чуе и највисокиот државен врв, кој, според најавите, на Денот на независноста ќе ги промовира објектите од проектот „Скопје 2014“, од кој најголемиот, споменикот „Воин на коњ“, се наоѓа токму на локацијата на закажаниот протест - градскиот плоштад. Споменикот, кој деновиве го добива својот конечен изглед со поставувањето на војниците и на лавовите, веќе предизвика експресни реакции од официјална Атина, која во тоа препозна неконструктивност од Скопје.
Преговорите за името во ООН, пак, се чини се замрзнати подолг период, а последната средба со посредникот Метју Нимиц се одржа пред половина година.
Не може да се каже дека во Македонија транспарентноста ни е доблест, одговора Стеванов на прашањето зошто во ваква атмосфера во која нема најава за никаков прогрес паднала одлуката за протести.
- Ако се планира промена на име, референдум за промена на име што е особено сензитивно прашање, тоа не верувам дека ќе им се соопшти на граѓаните долго пред фактички да се случи, а тогаш ќе биде доцна и за да се спречи ќе треба повеќе од протест. Протести за името нема веќе цела година, па време е сите да се потсетат и во Македонија и надвор од неа - вели Стеванов.
Светскиот македонски конгрес во летото 2009 година организира протест во периодот кога тогашниот еврокомесар за проширување Оли Рен беше во официјална посета барајќи од него да го запре „грчкиот геноцид“. Следната година испровоцирани од грчката крајбрежна стража, која извикуваше „вие сте Скопјани, од вашата кожа ќе направиме облека“, пред грчкиот конзулат се одржа протест под мотото „СТОП на грчкиот фашизам“. Но овие два протести немаа масовност за разлика од оној што се одржа во февруари 2008 година, непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт на кој Македонија не стана членка поради грчката блокада.
Автор: Фросина Димеска
Протест за зачувување на името на Денот на независноста

Post a Comment