Friday, September 16, 2011

Гоце Делчев никогаш не јавал коњ?

Одговор на негативните коментари за спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев во врска со тоа дека неправилно се поставени на коњи кои кулминираа со изјавата на внуката на Гоце Делчев дека тој никогаш не јавал на коњ.

1. Гоце Делчев учел на воената академија во Софија. Ако идните офицери од тоа време не ги учеле да јават коњ, тогаш што ги учеле? Да играат балет?

2. Зарем Гоце кој ја крстосувал цела Македонија за во обичниот народ да го всади духот за слобода од турското ропство го минувал сиот тој пат само пеш?

3. Како доказ се служеа со тврдењето дека штом нема фотографии на коишто Гоце и Даме се прикажани како јаваат коњи значи никогаш и не јавале. Па нема и фотографии на коишто се хранат па сепак тоа не значи дека живееле на фотосинтеза.

3. За луѓето од тој период патувањето со коњ не било нешто невообичаено. Не било невообичаено и за комитите. За ова мое тврдење да го поткрепам со доказ, приложувам една фотографија на соединетите костурски чети на Васил Чекаларов, Иван Попов, Пандо Кљашев, Никола Андреев и Манол Розовна (1903 година) на којашто јасно можат да се забележат тројца македонските револуционери како јаваат коњи.



За мене лично спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев се најдобро и најавтентично направени и поставени споменици од проектот Скопје 2014.

No comments: