Thursday, August 11, 2011

Апел до македонско-германски здруженија

Писмо до три македонско-германски здруженија со апел да побараат од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија, признавање на нашата земја под уставно име. Доколку знаете некои други слични здруженија, замолете ги да го сторат истото.


Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола
zmgps(at)zmgps.org.mk

Македонско-германски клуб за млади
mkd_mdcfj(at)yahoo.com

Македонско Германско стопанско здружение
info(at)ahk.mk

Почитувани,

Ви го испраќам ова писмо со цел да апелирам до вас официјално како организација да побарате од германската амбасада во Скопје признавање на нашата земја Република Македонија под уставно име од страна на Сојузна Република Германија.

Секој народ има право сам да си го одбере името на својата земја, а Македонците тоа и официјално го сторија на референдумот од 8 септември 1991 година.

Вие како врска меѓу двете држави и култури можете најмногу да придонесете во таа насока. Признавањето на нашата земја Република Македонија под уставно име од страна на Сојузна Република Германија ќе биде од обострана корист. Тоа ќе го зацврсти пријателството меѓу двете нации и позитивно ќе влијае за економската и културна соработка меѓу двете земји.

No comments: