За мое зачудување во интервју за радио Илинден, Миленко Неделковски меѓу другото кажа и дека "Северна Република Македонија не е промена на име"
Според оваа логика доколку беше име, а не "привремена референца да се користи во ООН" според резолуцијата 817 и "Бивша Југословенска Република Македонија" не е промена на име, пошто она нареденото е пред, а не после "Република". Вака звучи добро но колку добро звучи кога за нашата земја ќе се употреби акронимот "ФИРОМ". Во услови кога сакаме нашата земја да ја нарекуваат со уставното име, при недај боже евентуална промена, сеедно е дали промената ќе е ФИРОМ, ФРИОМ или РФИОМ.
При една ваква изјава дека "Северна Република Македонија не е промена на име" важно е да се прецизира за кое име се говори односно за кое име не е проемена.
Доколку тоа е уставното "Република Македонија", секоја додавка или придавка било да е пред Република или после неа, било да е со тире или во заграда е промена на тоа уставно име. Една буква да се смени ќе биде промена, едно тире да се додаде ќе е промена.
Можеби се мисли на името "Македонија" кое се користи и неформално и во официјални меѓудржавни договори, но со појаснување дека земјата "Република Македонија" во понатамошниот текст ќе биде нарекувана кратко "Македонија". Краткото име "Македонија" би требало и официјално да е нотирано во ООН, но поради проблемот со Грција во ООН не само што не е туку и во графите за кратко и долго име стои референцата.
Доколку е така т.е. доколку се мисли на името "Македонија" додавка како "Северна" било пред "Република" или по исто так е промена на име. Зошто? Затоа што придавката "Северна" не може да се однесува и да го појаснува државното уредување опишано со зборот "Република" туку може да се однесува и да го појаснува само и само терминот "Македонија". За разлика од терминот "Република" кој што го има во официјалниот назив на секоја трета земја и е збор кој кога стои одделно е општа именка, терминот "Македонија" е карактеристичен само за името на нашата земја и кога стои сам не е општа туку лична именка.
Сите се согласуваме дека именката "Македонија" е носител на идентитетот. Кога ќе се додаде термин кој го објаснува државното уредување на земјата (како на пример Република или Народна Република или Кралство) тој идентитет не се загрозува бидејќи се знае дека го објаснува уредувањето и ништо повеќе, но кога ќе се додаде збор кој не го појаснува уредувањето како на пример "Северна" или "Вардарска" тој и те како го загрозува зборот носител на идентитетот. Со додавање на таков збор во уставното име ние свестно се одделуваме од македонскиот идентитет и се врзуваме за некаков нов северно - македонскиот идентитет.
И за крај ќе се самоцитирам:
"Кога веќе еднаш во главата ќе прифатиш навидум безболна додавка, полесно ќе прифатиш и целосна промена на име и на идентитет. Тоа е процес во етапи и нешто што сме го искусиле и претходно. И референцата требаше да биде привремена и да трае само неколку месеци, а еве ја носиме речиси две декади. Тоа би му дошло: Ајде, ајде само главчето да влезе, а кога ќе дозволиме да влезе неминовно ќе го кркаме цел."

1 comment:
Апсолутно ПРОТИВ овој понижувачки предлог.... Ако на Грците не му се допаѓа нивното име нека го Променат, тоа нас не не интересира...
Во документот на Нимиц стои: Northern Republic Of Macedonia... или во буквален превод: Северна Република од Македонија или логично толкување: Република Северно од Македонија... Народ... Граѓаните на Републиката Северно од Македонија..... Јазик... официјален јазик на Републиката Северно од Македонија.....
Не треба никој да ми толкува дека Republic of Macedonia значи Република Македонија, бидејќи според англиската семантика тоа значи Републиканско уредување или систем (Демократија) на Македонија...
Затоа никаде во земјите каде што спаѓаат во англиско јазично подрачје или каде англискиот има предност пред францускиот и германскиот нема држава која го содржи зборот РЕПУБЛИКА. Пример Ирска која официјалното име не содржи го зборот Република, е позната како Republic of Ireland (Poblacht na hÉireann) State of Irish или Држава на Ирците. Но затоа има каде е содржан зборот STATE (ДРЖАВА)... United States of America, State of Israel, State of Russia, State of Georgia ( На англиски никогаш досега не била Грузија).... итн
Post a Comment