Предвидување за можната иднина на Република Македонија кога се во прашање нејзините стратешки цели, базирано на факти и остварливи можности кои треба да се преземат.
- Добивање на тужбата во Хаг. Според изложеното од македонските претставници и од неаргументираната одбрана на Република Грција чијшто член дури и ја ословуваше нашата земја со уставното име и покажа дека тоа не му пречи (врска) имаме реални шанси за победа.
- По евентуално добената тужба наложување на Грција од страна на Советот за безбедност на ООН да не го попречува приемот на Република Македонија во НАТО под привремената референца.
- Без оглед дали ќе ја добиеме тужбата или не, Република Македонија не смее да ги запре реформите, мора да се изврши лобирање од страна на македонските дипломати и од пријателите на Република Македонија да нема други пречки за прием во НАТО и примарно да се почитува времената спогодба при приемот на Република Македонија во НАТО која вели дека Грција не смее да се противи при приемот на нашата земја во меѓународните организации кога е под привремената референца.
- Евентуален прием на Република Македонија во НАТО под привремената референца на наредниот самит на НАТО.
- Барањето за членство во ЕУ треба да се одвива во согласност со времената спогодба според која Република Грција не смее да не попречува во приемот во меѓународни организации кога тоа е под привремената референца. Ова дополнително ќе се олесни од евентуалното добивање на тужбата во Хаг која се базира на истиот принцип со таа разлика што организацијата не е ЕУ, а НАТО.
- Остварување на сите потребни реформи и лобирање од страна на македонските дипломати и од пријателите на Република Македонија за започнување на преговорите со Европската Унија и тоа во согласност со времената спогодба која во услови на максималистички барања од страна на Република Грција и речиси две декади долги преговори е најбрз и докажано најефективен начин за остварување на оваа цел. Истовремено ова ќе значи и зачувување на уставното име на Република Македонија (привремена референца не е име).
- Во меѓувреме ништо не не попречува да бараме признавање на Република Македонија под уставно име од 7-8 помали земји членки на ОН со кои немаме дипломатски односи (земјите ќе бидат претставени во некој нареден блогпост) и евентуално некои поголеми африкански земји (како Јужен Судан кој се очекува наскоро да стане членка на ООН). Со тоа земјите членки на ООН кои ја признаваат Република Македонија под уставното име ќе порасне од околу две третини на околу три четвртини.
- По евентуалниот прием во ЕУ и НАТО од позиција на рамноправни партнери можеме да бараме признавање под уставно име и од некои поголеми земји како Германија, Франција, Шпанија... Доколку ова се оствари истото само по себе ќе повлече признавања и од некои помали земји.
- Бројната македонската дијаспора во Австралија и Нов Зеланд треба да одигра клучна улога во признавањето на Република Македонија под уставно име од Австралија и од Нов Зеланд коешто доколку се оствари само по себе ќе повлече признавање под уставно име и од некои помали земји во тој дел од светот.
- По евентуално остварување на сите досегаши точки пристапување кон лобирање во ООН до сите земји членки кои не признале под уставното име.
- Барање за зеведување на Република Македонија под уставно име во ООН, кое според некои е со гласање во собранието на ООН, а според други само со праќање на известување дека од доставувањето на известувањето па на натаму нашата земја ќе биде заведена под уставното име.
- Доколку ова се оствари, односно привремената референца веќе да не фигурира во ООН може да се очекува и нејзино евентуално бришење и во НАТО и ЕУ.
Многукратно е поолесно да се напише одошто да се оствари но доколку се преземат вистинските чекори, сите точки од ова предвидување може да се остварат во рок од една декада. Според ова ќе се остварат стратешките цели на Република Македонија, а во исто време и нема да дојде до промена на името.
1. Тужбата во Хаг

2. НАТО членство

3. ЕУ членство

4. Воспоставување на дипломатски односи под уставното име од нов бран земји
- Во меѓувреме ништо не не попречува да бараме признавање на Република Македонија под уставно име од 7-8 помали земји членки на ОН со кои немаме дипломатски односи (земјите ќе бидат претставени во некој нареден блогпост) и евентуално некои поголеми африкански земји (како Јужен Судан кој се очекува наскоро да стане членка на ООН). Со тоа земјите членки на ООН кои ја признаваат Република Македонија под уставното име ќе порасне од околу две третини на околу три четвртини.
- По евентуалниот прием во ЕУ и НАТО од позиција на рамноправни партнери можеме да бараме признавање под уставно име и од некои поголеми земји како Германија, Франција, Шпанија... Доколку ова се оствари истото само по себе ќе повлече признавања и од некои помали земји.
- Бројната македонската дијаспора во Австралија и Нов Зеланд треба да одигра клучна улога во признавањето на Република Македонија под уставно име од Австралија и од Нов Зеланд коешто доколку се оствари само по себе ќе повлече признавање под уставно име и од некои помали земји во тој дел од светот.
5. Бришење на привремената референца во ООН
- По евентуално остварување на сите досегаши точки пристапување кон лобирање во ООН до сите земји членки кои не признале под уставното име.
- Барање за зеведување на Република Македонија под уставно име во ООН, кое според некои е со гласање во собранието на ООН, а според други само со праќање на известување дека од доставувањето на известувањето па на натаму нашата земја ќе биде заведена под уставното име.
- Доколку ова се оствари, односно привремената референца веќе да не фигурира во ООН може да се очекува и нејзино евентуално бришење и во НАТО и ЕУ.
Многукратно е поолесно да се напише одошто да се оствари но доколку се преземат вистинските чекори, сите точки од ова предвидување може да се остварат во рок од една декада. Според ова ќе се остварат стратешките цели на Република Македонија, а во исто време и нема да дојде до промена на името.
No comments:
Post a Comment