Во врска со сознанијата дека на некои владини страни Србија не фиромизира, објавени на овој блог во статијата под наслов "Дефиромизација на српски владини страни" вчера по повод известување до медиумите испратено од Tony Grcevski, некои од нив објавија статии:
Македонија е се уште ФИРОМ за српските министерства - Net Press (Tocka)
Македонската амбасада во Белград реагирала за ознаката ФИРОМ - Курир
МНР: Очекуваме да се промени називот ФИРОМ на српските министерства - Net Press (Sky Net, Tocka)
Македонија се уште ФИРОМ за Србија - A1
Поради поголемото влијание кoeшто го имаат медиумите и поради тоа што преку нив оваа информација сигурно ќе стигне до поголем број граѓани, можеме да се надеваме на побрзо решение на проблемот.
Македонија е се уште ФИРОМ за српските министерства - Net Press (Tocka)
На официјалната страна на српското министерство за наука и технолошки развој во многуте проекти кои се споменуваат, а во кои учествуваат и земјите од Западен Балкан, Македонија е наведена како ФИРОМ, иако Белград не признава под уставното име – Република Македонија.
Во проектот “Balkan Agro Food Network“, Македонија е дел од истиот, но се наведува со останатите земји од регионот како ФИРОМ.
Истото важи и за уште еден проект околу истражувањето во областа на агрикултурата, каде нашата земја повторно е именувана како Поранешна Југословенска Република Македонија.
Случајот со ФИРОМ не е поразличен ниту на страната на српското Министерство за инфраструктура и енергетика во делот каде се говори за обновливите извори на енергија на Србија.
Македонската амбасада во Белград реагирала за ознаката ФИРОМ - Курир
И покрај тоа што Србија не има признато под уставното име, на некои интернет страници на одредени институции државата ја пишува како ФИРОМ.
Од Министерството за надворешни работи соопштуваат дека македонската амбасада во Србија веќе реагирала.
Од МНР информираат дека согласно традиционалните добрососедски односи називот наскоро ќе биде променет.
МНР: Очекуваме да се промени називот ФИРОМ на српските министерства - Net Press (Sky Net, Tocka)
Македонската амбасада во Белград веќе реагираше на тоа што на некои српски министерства Македонија се уште е именувана како ФИРОМ, изјави за Нетпрес Борче Стамов, портпарол на Министерството за надворешни работи.
“Амбасадата веќе реагираше. Очекуваме да се промени називот, согласно традиционалните добрососедски односи“, вели портпаролот на МНР.
Македонија се уште ФИРОМ за Србија - A1
На официјалната страна на српското министерство за наука и технолошки, Македонија е наведена како ФИРОМ, иако Белград не признава под уставното име.
Македонија под референцата ФИРОМ е вклучена во проектите „Балкан агро фуд нетворк“, како и во проект околу истражувањето во областа на агрокултурата.
Македонската амбасада во Белград веќе реагирала на употребата на референцата ФИРОМ од страна на некои српски министерства.
Поради поголемото влијание кoeшто го имаат медиумите и поради тоа што преку нив оваа информација сигурно ќе стигне до поголем број граѓани, можеме да се надеваме на побрзо решение на проблемот.
No comments:
Post a Comment