Saturday, July 02, 2011

Република Македонија веќе си има име!

Понекогаш барајќи едно наоѓам друго. Во врска со новопоставената статуа на Александар Македонски налетав на овој напис. Нема потреба да го читате, веќе знаете какво е мислењето на Грците за тоа. Она што е интересно и што заслужува внимание е последниот коментар кој ги закопа желбите на Грците да докажуваат дека Македонија е грчка:

I will always call mr. Kiro and all my dear friends from Skopje the MACEDONIANS. Why? Because I think that we all should respect their national identity and nobody has a right to blackmail this peaceful and loving nation because of the name used also in Greece. Dear Greek fellows, you will finally have to accept their right to call themselves Macedonians. Why? Because the are Macedonians like I am Croatian or you are Greek or Greek Macedonian. They cannot be anything else! they cannot be North Macedonians or Slav Macedonians. this is stupid! Look what happened to us Croatians, we didnt want war, we just wanted to have our independent country and our name! Serbs were against it and what happened? War!

Јас секогаш ќе го нарекувам господинот Киро и сите мои драги пријатели од Скопје - Македонци. Зошто? Затоа што сметам дека сите ние треба да го почитуваме нивниот национален идентитет и никој нема право да ја уценува оваа мирољубива нација поради тоа што истото име е користено и во Грција. Драги грчки пријатели, вие ќе морате конечно да го прифатите нивното право да се нарекуваат Македонци. Зошто? Затоа што тие и се Македонци исто како што и јас сум Хрват или вие сте Грци или Грко-Македонци. Тие и не можат да бидат нешто друго! Тие не можат да бидат Северно-Македонци или Славо-Македонци. Ова е глупаво! Погледнете што се случи со нас Хрватите, ние не сакавме војна, ние само сакавме независна држава и наше име. Србите се противеа на тоа и што се случи? Војна!

Dear neighbors, we live in 21 century...and we should live together in united EU without having any stupid issues with that???? name? come on...wake up! both! EU is watching you and what would be their conclusion? again some Balkan tribes (here I include Greeks too) are discussing about history...hahaahah....that's miserable!

Драги соседи, ние живееме во 21 век... и ние треба да живееме заедно во обединета ЕУ без притоа да имаме глупави забелешки за тоа??? Име? Ама ајде... разбудете се! Двете! ЕУ ве гледа и кој ќе биде нејзиниот заклучок? Повторно некои балкански племиња (овде ги вклучувам и Грците) разговараат за историја.... хахах... Тоа е мизерно!

Instead of finding differences, Macedonians in the Republic of MAcedonia and in Greece should build cultural, economic and any other connections! Greece is now a part of EU and is economically much stronger than Macedonia that was a part of Yugoslavia. Greece is now much powerful and use its power to block my dear friends. But dear Greeks, do not forget that those facts can be changed! learn from history! Some 50 years ago Macedonians in Yugoslavia was much richer and much powerful nation than you in Greece. So..please do not feel powerful and use it against your dear neighbors, we are all Christians, rather give a hand to your neighbors... love each other, respect each other.

Наместо да пронаоѓаат разлики Македонците од Република Македонија и од Грција треба да градат културни, економски и други врски. Грција сега е дел од ЕУ и е економски многу посилна одошто Македонија којашто беше дел од Југославија. Грција сега е многу помоќна и ја користи таа сила за да ги блокира моите драги пријатели. Но драги Грци, не заборавајте дека тие факти може да се променат! Учете од историјата! Пред околу 50 години Македонците во Југославија беа многу помоќна нација одошто вие во Грција. Па... ве молам не се чувствувајте толку моќни и не ја користете таа моќ против вашите драги соседи, ние сите сме христијани, поскоро подадејте рака кон соседот. Сакајте се меѓусебно, почитувајте се меѓусебно.

Dear Greek friends, I love your country, and I have been there several times and will come back even my Adriatic sea is also very beautiful. :) I respect Greece as I respect the Republic of Macedonia, and for the end, please be aware of the following FACT:
"However, most United Nations member countries have abandoned the provisional reference and have recognized the country as the REPUBLIC OF MACEDONIA instead. These include FOUR of the five permanent UN Security Council members—the UNITED STATES, RUSSIA, UNITED KINGDOM and the People's Republic of CHINA; several members of the European Union such as Bulgaria, Poland, and Slovenia; and over 120 other UN members including my CROATIA.

Драги грчки пријатели, јас ја сакам вашата земја и сум бил во Грција неколку пати и ќе се вратам повторно, иако и моето Јадранско море е исто така многу убаво :) Ја почитувам Грција исто како што ја почитувам Република Македонија, и за крај бидете свесни за овие факти:
Како и да е повеќето од земјите членки на ОН го имаат напуштено користењето на привремената референца и ја имаат признато земјата како РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Во тоа се вбројуваат и ЧЕТИРИ од петте постојани земји членки на советот за безбедност на ОН - САД, РУСИЈА, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА и Народна Република КИНА; Неколку земји членки на ЕУ како Бугарија, Полска и Словенија; и над 120 други земји членки на ОН меѓу кои и мојата Хрватска.

Therefore my dear friends from the Republic of Macedonia already have its NAME recognized by the majority of other world countries. Finally, I pray God that Greece accepts this fact so that both nations can live peacefully, without bad feelings and with respect, together in united Europe!

Затоа моите драги пријатели од Република Македонија веќе си имаат ИМЕ и тоа е признато од повеќето земји во светот. Конечно му се молам на бога Грција да ги прифати овие факти за да и двете земји живеат мирољубиво, без лоши чувства и со почит, заедно во обединета Европа.

2 comments:

Anonymous said...

(МИА) - Република Македонија нема проблем со Грција. Државите немаат ексклузивни права на имиња. Менување имиња не влијае врз територијалните права и обврски на државите. Проблемот со името настанал со приемот во Обединетите нации под дополнителните услови надвор од пропишаните во Повелбата на ОН, изјави за ТВ интервју на МТВ, проф. др. Игор Јанев, творец на меѓународно прифатената теорија и доктрина на дополнителните услови при приемот во ОН.
Според него, сега треба да се прави постапката за анулација на дополнителните посебни услови, надвор од член 4(1) на Повелбата.
Постапката во ОН и Меѓународниот суд за легалитет на дополнителните (нелегални) услови, надвор од Повелбата на ОН, како што вели Јанев, може да се води и без раскинување на Времената спогодба или слични постапки.
- Целата акција ја води Генералното собрание на ОН, а не формално Република Македонија. Значи, Спогодбата е нерелевантна за ваква акција, која Македонија треба да ја иницира во Генералното собрание на ОН. Никакви тужби и слични акции не се потребни, додава тој.
Одговарајќи на прашањето како настанал проблемот, Јанев истакнува дека тој настанал кога со нелегални услови за прием, надвор од член 4(1) на Повелбата, бевме примени 1993 година во ОН, а тие услови се обврска за реферирање и обврска за преговорите.
- Сега Република Македонија само треба да иницира Нацрт резолуција на Генералното Собрание на ОН со која се поставува прашање „дали се специфични услови за приемот на МК и статусот се во согласност со Повелбата на ОН (чл. 2 и чл. 4). Инаку ние можеме, во случај на потреба, да дадеме изјава во која сметаме дека делот од Времената спогодба, во врска со референцата/преговорите ги третираме како спротивни на Jus cogens и според тоа за нас се без правно дејство, појаснува тој.
Со други зборови, како што потенцира Јанев, нема правни препреки од каков било вид преку Собранието на ОН да се побара советодавното мислење од МСП за легалитет на дополнителните посебни услови, надвор од член 4(1) на Повелбата. - Единствено на тој начин можеме да го воспоставиме уставното име Република Македонија во ОН. Мислењето се бара од Генералното собрание на ОН до Суд со просто мнозинство од присутните и кои гласаат..., истакна проф. др. Игор Јанев.

Anonymous said...

Specijalen sovetnik na ministerot za nadvore{ni raboti na Makedonija, Igor Janev upati pismo 2002. g. do pretsedatelot na Generalnoto sobranie na Obedinetite nacii, do Generalniot komitet na Generalnoto sobranie na OON i do generalniot sekretar, gospodin Kofi Anan, vo koe se bara kako to~ka na dneven red na slednoto Generalno sobranie da bide stavena Predlog-rezolucija so koja Generalnoto sobranie se obra}a do Me|unarodniot sud za pravda so pra{awe dali uslovite za ~lenstvo i priem koi se specifi~ni za Makedonija (referencata FYROM i obvrskata da se pregovara so druga dr`ava za sopstvenoto ime) se vo soglasnost so Povelbata na OON. Na pismoto od d-r Igor Janev e odgovoreno od strana na Generalnoto sobranie vo koe se veli deka Predlog-rezolucijata }e bide stavena kako to~ka na dneven red na slednoto Generalno sobranie. No ovaa akcija na profesorot be{e, potoa, stopirana od vladata na RM ,so Lj. Georgievski, na ~elo.