Sunday, July 31, 2011

Важноста на австралискиот попис за Македонците

На австралискиот попис од 2006 година, имаше повеќе од 83.000 Австралијци, кои го изразија својот македонски идентитет. Колку е поголем бројот на луѓето со македонски идентитет и потекло, толку повеќе внимание ќе се посвети кон заедницата од страна на Владата и другите важни организации и групи.


Претстојниот попис на 9 август 2011 година е одлична можност за секој еден од македонската заедница во Австралија слободно и прецизно да ја прикаже својата врска со Македонија, преку местото на раѓање, јазикот, потеклото и религијата. Учеството на сите е важно затоа што со правилно пополнување на формуларот за попис можете:

- Да ги запознаете вашите законски обврски кон Австралиското биро за статистика;
- Да допринесете за изградба на профилот на македонската заедница во Австралија;
- Да дадете поддршка на македонската заедница за да се добие подобро образование, здравство и социјални и политички резултати од Владата на Австралија и австралискиот Парламент, како и од државата и локалната самоуправа;
- Да помогнете на австралиската влада, како и државните и локалните власти подобро да ги разберат и да ги планираат различните потреби на македонската заедница;
- Да помогнете на истражувачите и креаторите на политиката во Австралија и во Македонија да имаат докази врз основа на извештаи за поддршка на македонската дијаспора;
- Да придонесете кон историските профили на Македонците во Австралија кои сегашните и идните генерации ќе ги користат за карти и склопување на семејни единици и семејни стебла.

ABS пописот е важен извор на информации за состојбата на австралиската мултикултурна нација и држава и македонската заедница. Таа одразува важни информации коишто владата, индустријата и заедниците може да ги користат за планирање и реализација на подобри социјални, економски и еколошки резултати за австралиското општество.

Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (AMHRC) има подготвено два летоци на англиски и македонски јазик за да ја зголеми свесноста за важноста на австралискиот попис за Македонците. Постојат четири прашања во врска со пописот што конкретно се однесуваат на австралиските Македонци.

macedonianhr.org.au (на англиски)
macedonianhr.org.au (на македонски)

За повеќе информации во врска со ABS пописот, посетете го abs.gov.au/census.

Извор: United Macedonian Diaspora
(превод на македонски I, Macedonian)

No comments: