Мирка Велиновска е личност која кај мене ужива висок углед и доверба. Нејзините ставови и анализи околу името, светската и македонската политика многу пати ми ги отворале очите и ме правеле посвесен за случувањата не само мене туку и голем дел од луѓето во Македонија.
Овој артикал го започнав со пофалби затоа што Мирка навистина ги заслужува. Но со ставовите во нејзиното последно интервју никако не можам да се согласам и ќе пробам аргументирано да објаснам зошто.
Во врска со предлогот "Република Македонија (Скопје)" Мирка вели:
Прекар е нешто што формално правно (официјално) не постои кога се работи за држава, така што "официјализиран прекар" звучи апсурдно.
Понатаму Мирка вели:
Да појаснам: ниедна држава во светот нема прекар, барем не формално правно. Неформално секој човек на секоја земја може да и закачи прекар без притоа да има согласност од неа па нема што овде да се дискутира за неформални прекари.
Сакам да истакнам дека според кажаното она што се подразбира под како што Мирка вели "народски кажано прекар" е ништо друго туку име за меѓународна употреба.
Не се работи за како што некои протолкуваа двојна формула - име со кое ќе ни се обраќаат само Грците, туку име под кое ќе бидеме примени во секоја меѓународна организација во која Грците се член и име под кое ќе ни се обраќаат сите земји членки (повторувам: сите земји членки) на организациите во рамките на тие организации.
Исто така сакам да кажам дека дури и да се направи некаков исклучок па тоа ново име да биде дефинирано и формално правно како прекар, тогаш за нас која е разликата дали ќе пишува име или прекар кога цел свет ќе ни се обраќа со тој нов прекар, а не со нашето уставно име?
Треба да се има на ум и дека со оглед на агресивната грчка пропагандна машинерија има опасност не за долго време тоа име/прекар да се претвори во РМ (Скопје). Спремни ли сте да проголтате такво име во кое Македонија виртуелно и нема да фигурира?
Понатаму Мирка вели:
Она што Мирка не го кажува е дека тие имиња се всушност природни преводи на името на конкретна земја на повеќе јазици. На пример во случајот со нашиот јужен сосед: Грција (Graecia) е латинизираното име на таа земја, а Елада (Ελλάδα) е името на грчки јазик. Римјаните природно ја викале така, а еве и ние Македонците сме прифатиле да користиме варијанта на тој латински назив на земјата. Околу тоа нема забуна. На тој јазик името природно гласи така и готово.
Ако е за така излегува дека и ние имаме повеќе имиња. Американците не викаат Macedonia, Германците Mazedonien, а ние си се викаме Македонија. Но во случајот со "Република Македонија (Скопје)" тоа ново име нема да природен превод туку наметнато име во кое на уставното име се додава и нова именка.
Ако пак се алудира на кратко и долго име тогаш да појаснам дека тие се присутни во ООН. Пример кратко име на "Народна Република Кина" е "Кина", што е сосема природно. Кратко име на "Сојузна Република Германија" е "Германија" што исто така е сосема природно. Тоа не е спорно и ние би го имале тоа кратко и долго име во ООН доколку не бевме заведени под привремената референца.
Но на уставното име да се додаде и Скопје во заграда тоа е промена на име затоа што не се работи за кратење на името со исфрлање на зборовите кои го означуваат политичкото уредување на земјата (Сојузна Република, Народна Република, Кралство...) туку за додавање на нов збор кој нема врска со политичкото уредување.
Штом тоа "Скопје" е именка и штом тоа "Скопје" не е збор кој го определува политичкото уредување на земјата тогаш тој по принцип не се исфрла од името и во најдобар случај краткото име на земјата во ООН би бил "Македонија (Скопје)", а во најлош случај како досега би немале кратко име односно во графата за кратко име би стоело евентуалното целосно ново договорено име "Република Македонија (Скопје)".
Јавното лицитирање со прифатливи имиња или прекари претставува директно поткопување на нашите преговарачки позиции во ООН и нешто што Грците лукаво можат да го искористат во наша штета.
Во врска со ООН Мирка вели:
Не знам од каде и е сигурноста на Мирка дека во ООН ќе бидеме примени и запишани и како "Република Македонија" кога до сега така не фигуриравме. Значи за ова Мирка нема никаков доказ, а и досегашното искуство ни зборува нешто сосема спротивно.
Ова го спомнав и претходно, а ќе го кажам и сега. Од името "Република Македонија (Скопје)", ниту пак од името "Македонија (Скопје)" не може да се извлече придавка, па доколку до сега во ООН граѓаните на Македонија не фигурираа како Македонци, туку како "граѓани на бивша југословенска Република Македонија", кој мене ќе ми гарантира дека и утре со тоа евентуално ново договорено име наместо Македонци ќе бидеме впишани како "граѓани на Република Македонија (Скопје)".
За опсегот на името Мирка вели:
Во предлог пакетите за име на Нимиц, имаше член којшто велеше се препорачува сите земји во светот вклучително и тие кои не признаваат под уставното име да го користат новото договорено име. Токму Мирка за тој член велеше дека е член со кој ние би се самоубиле. Како сега е толку сигурна дека само земјите кои имаат проблем со нашето уставно име би ни се обраќале со тоа евентуално ново договорено име. Зарем нема реална опасност земји кои сега не признаваат под уставното име поради некаков таков евентуален член да не отпризаат како што претходна таа тврдеше? Или еве како е сигурна дека во новиот пакет за име на Нимиц нема повторно да има таков член во кој би се барало сите земји да ни се обраќаат со тоа ново име?
Треба ли да верувам дека ние своеволно ќе прифатиме некое ново име, а земјите кои сега не признаваат под уставното име ќе продолжат да ни се обраќаат под уставното име, а не под тоа ново име со кое сме се согласиле. Зарем некој сериозно мисли дека ако ние не си го чуваме името и идентитетот другите земји ќе ни го чуваат небаре имаат корист од тоа?
Да појаснам дека доколку во НАТО и ЕУ не примат под тоа ново договорено име тогаш сите земји во НАТО и ЕУ, и тие што не признаваат под уставно и тие што не не признаваат под уставното име, во рамките на двете организации задолжително ќе ни се обраќаат под тоа евентуално ново договорено име "Република Македонија (Скопје)".
И на крајот на краиштата зошто Мирка толку го брани овој предлог кога Грците не се согласиле, а искуството ни вели и дека нема да се согласат затоа што пред Букурешт речиси идентичен предлог (Република Македонија - Скопје) веќе одбија. Знаејки дека го одбија и дека веќе е тргнат од масата кои се мотивите и на Мирка и на претседателот Иванов да го промовираат небаре веќе е прифатен и од двете страни, а останува само да се убедат граѓаните?
Сакам да верувам дека се работи за недоразбирање но тоа не ми го отргнува ставот дека ваквите изјави директно или индиректно, ненамерно или плански претставуваат подготовка на граѓаните за полесно проголтување на евентуална промена на име. Кога веќе еднаш во главата ќе прифатиш навидум безболна додавка, полесно ќе прифатиш и целосна промена на име и на идентитет. Тоа е процес во етапи и нешто што сме го искусиле и претходно. И референцата требаше да биде привремена и да трае само неколку месеци, а еве ја носиме речиси две декади. Тоа би му дошло: Ајде, ајде само главчето да влезе, а кога ќе дозволиме да влезе неминовно ќе го кркаме цел.

"Овој предлог за политичка одредница или одредница неутрална, за име кое би било за алтернативна употреба за меѓународни организации или еве вака да речам најнародски официјализиран прекар..."
Прекар е нешто што формално правно (официјално) не постои кога се работи за држава, така што "официјализиран прекар" звучи апсурдно.
Понатаму Мирка вели:
"Не са работи за ново име (Република Македонија (Скопје)) туку како да ви речам, прекар"
Да појаснам: ниедна држава во светот нема прекар, барем не формално правно. Неформално секој човек на секоја земја може да и закачи прекар без притоа да има согласност од неа па нема што овде да се дискутира за неформални прекари.
Сакам да истакнам дека според кажаното она што се подразбира под како што Мирка вели "народски кажано прекар" е ништо друго туку име за меѓународна употреба.
Не се работи за како што некои протолкуваа двојна формула - име со кое ќе ни се обраќаат само Грците, туку име под кое ќе бидеме примени во секоја меѓународна организација во која Грците се член и име под кое ќе ни се обраќаат сите земји членки (повторувам: сите земји членки) на организациите во рамките на тие организации.
Исто така сакам да кажам дека дури и да се направи некаков исклучок па тоа ново име да биде дефинирано и формално правно како прекар, тогаш за нас која е разликата дали ќе пишува име или прекар кога цел свет ќе ни се обраќа со тој нов прекар, а не со нашето уставно име?
Треба да се има на ум и дека со оглед на агресивната грчка пропагандна машинерија има опасност не за долго време тоа име/прекар да се претвори во РМ (Скопје). Спремни ли сте да проголтате такво име во кое Македонија виртуелно и нема да фигурира?
Понатаму Мирка вели:
"Повеќето од државите имаат по две три, па и повеќе имиња за меѓународна комуникација"
Она што Мирка не го кажува е дека тие имиња се всушност природни преводи на името на конкретна земја на повеќе јазици. На пример во случајот со нашиот јужен сосед: Грција (Graecia) е латинизираното име на таа земја, а Елада (Ελλάδα) е името на грчки јазик. Римјаните природно ја викале така, а еве и ние Македонците сме прифатиле да користиме варијанта на тој латински назив на земјата. Околу тоа нема забуна. На тој јазик името природно гласи така и готово.
Ако е за така излегува дека и ние имаме повеќе имиња. Американците не викаат Macedonia, Германците Mazedonien, а ние си се викаме Македонија. Но во случајот со "Република Македонија (Скопје)" тоа ново име нема да природен превод туку наметнато име во кое на уставното име се додава и нова именка.
Ако пак се алудира на кратко и долго име тогаш да појаснам дека тие се присутни во ООН. Пример кратко име на "Народна Република Кина" е "Кина", што е сосема природно. Кратко име на "Сојузна Република Германија" е "Германија" што исто така е сосема природно. Тоа не е спорно и ние би го имале тоа кратко и долго име во ООН доколку не бевме заведени под привремената референца.
Но на уставното име да се додаде и Скопје во заграда тоа е промена на име затоа што не се работи за кратење на името со исфрлање на зборовите кои го означуваат политичкото уредување на земјата (Сојузна Република, Народна Република, Кралство...) туку за додавање на нов збор кој нема врска со политичкото уредување.
Штом тоа "Скопје" е именка и штом тоа "Скопје" не е збор кој го определува политичкото уредување на земјата тогаш тој по принцип не се исфрла од името и во најдобар случај краткото име на земјата во ООН би бил "Македонија (Скопје)", а во најлош случај како досега би немале кратко име односно во графата за кратко име би стоело евентуалното целосно ново договорено име "Република Македонија (Скопје)".
Јавното лицитирање со прифатливи имиња или прекари претставува директно поткопување на нашите преговарачки позиции во ООН и нешто што Грците лукаво можат да го искористат во наша штета.
Во врска со ООН Мирка вели:
"Нема да бидете примени во Обединети Нации со прекар, вие сте примени и ќе бидете примени кога ќе заврши овој спор со вашето официјално име, но ќе имате и уште едно кое ќе го користат земјите коишто имаат проблем со вашето име"
Не знам од каде и е сигурноста на Мирка дека во ООН ќе бидеме примени и запишани и како "Република Македонија" кога до сега така не фигуриравме. Значи за ова Мирка нема никаков доказ, а и досегашното искуство ни зборува нешто сосема спротивно.
Ова го спомнав и претходно, а ќе го кажам и сега. Од името "Република Македонија (Скопје)", ниту пак од името "Македонија (Скопје)" не може да се извлече придавка, па доколку до сега во ООН граѓаните на Македонија не фигурираа како Македонци, туку како "граѓани на бивша југословенска Република Македонија", кој мене ќе ми гарантира дека и утре со тоа евентуално ново договорено име наместо Македонци ќе бидеме впишани како "граѓани на Република Македонија (Скопје)".
За опсегот на името Мирка вели:
"Земјите коишто имаат проблем со вашето официјално име ќе ви се обраќаат со прекарот Република Македонија (Скопје)"
Во предлог пакетите за име на Нимиц, имаше член којшто велеше се препорачува сите земји во светот вклучително и тие кои не признаваат под уставното име да го користат новото договорено име. Токму Мирка за тој член велеше дека е член со кој ние би се самоубиле. Како сега е толку сигурна дека само земјите кои имаат проблем со нашето уставно име би ни се обраќале со тоа евентуално ново договорено име. Зарем нема реална опасност земји кои сега не признаваат под уставното име поради некаков таков евентуален член да не отпризаат како што претходна таа тврдеше? Или еве како е сигурна дека во новиот пакет за име на Нимиц нема повторно да има таков член во кој би се барало сите земји да ни се обраќаат со тоа ново име?
Треба ли да верувам дека ние своеволно ќе прифатиме некое ново име, а земјите кои сега не признаваат под уставното име ќе продолжат да ни се обраќаат под уставното име, а не под тоа ново име со кое сме се согласиле. Зарем некој сериозно мисли дека ако ние не си го чуваме името и идентитетот другите земји ќе ни го чуваат небаре имаат корист од тоа?
Да појаснам дека доколку во НАТО и ЕУ не примат под тоа ново договорено име тогаш сите земји во НАТО и ЕУ, и тие што не признаваат под уставно и тие што не не признаваат под уставното име, во рамките на двете организации задолжително ќе ни се обраќаат под тоа евентуално ново договорено име "Република Македонија (Скопје)".
И на крајот на краиштата зошто Мирка толку го брани овој предлог кога Грците не се согласиле, а искуството ни вели и дека нема да се согласат затоа што пред Букурешт речиси идентичен предлог (Република Македонија - Скопје) веќе одбија. Знаејки дека го одбија и дека веќе е тргнат од масата кои се мотивите и на Мирка и на претседателот Иванов да го промовираат небаре веќе е прифатен и од двете страни, а останува само да се убедат граѓаните?
Сакам да верувам дека се работи за недоразбирање но тоа не ми го отргнува ставот дека ваквите изјави директно или индиректно, ненамерно или плански претставуваат подготовка на граѓаните за полесно проголтување на евентуална промена на име. Кога веќе еднаш во главата ќе прифатиш навидум безболна додавка, полесно ќе прифатиш и целосна промена на име и на идентитет. Тоа е процес во етапи и нешто што сме го искусиле и претходно. И референцата требаше да биде привремена и да трае само неколку месеци, а еве ја носиме речиси две декади. Тоа би му дошло: Ајде, ајде само главчето да влезе, а кога ќе дозволиме да влезе неминовно ќе го кркаме цел.
2 comments:
O da, na Prekar-enosta
Mirka jedina prekar-ena Ti....
nek' te lova
Dirka i u dzepove nadolazi...
da Te dirka....
Mirka mozda bi mogli i drugacije mi....
samo da si i TI ,
.. htela ichi putem krsta ....
Mirka Partizanka
potvrdeno praviloto :
" frlena koska na intelektot- laenje po kakvi noti sakas"
..Za nasa srekja dava do znaenje
na frontovite
i od zagradenite -Ne
da se ocekuva
- cuvanje na grbot :)
... ова е дел од долгорочниот план кој го презентираше генерал од НАТО ... ПАКЕТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ... несватливо како може мојот претседател Македонец да биде АНТИМАКЕДОНИСТ ???
Post a Comment