Во последниот период многу врева се крена за тоа дали според привремената спогодба смееме да го користиме симболот тн Сонце од Кутлеш (Вергина) . Во привремената стои:
Ако акцент го ставиме на "the Party of the Second Part" (Macedonia) добиваме одговор дека според привремената спогодба Македонија како држава не смее да го користи овој симбол, но тоа не значи дека некое физичко или правно лице од Р. Македонија исто така не смее. Да појаснам: доколку сакам сонцето да го краси логото на мојата компанија можам тоа слободно да го направам (што се однесува до привремената спогодба). Исто можам и знамето со шеснасеткракото сонце (претходното знаме на Р. Македонија) да го вејам на собири, натпревари, протести... (повторно што се однесува до привремената спогодба)
Второ и уште поважно е дека забраната на која што како држава сме се согласиле во привремената спогодба важи само за конкретниот дизајн на сонце присутно на претходното знаме на Република Македонија односно како што пишува во привремената: "the symbol in all its forms displayed on its national flag". Доколку како држава официјално сакаме да користиме сонце слично но по нешто различно од она на претходното знаме привремената спогодба не ни го забранува.
Неодамна по барање од Грција (повикувајки се на привремената), знаејки го ова што го спомнав Владата на Република Македонија ги модифицира 16 краките сонца од скулптурите "Лавови" поставени на мостот Гоце Делчев (Скопје) во сонца со 8 краци.
Симболот на знамето беше 16 крако сонце, односно специфично графичко решение на 16 крако сонце (со свој размер, сооднос помеѓу елементите...). Сонца идентични со сонцето од претходното знаме со единствена разлика во помалиот број на краци, според привремената не сме задолжени да не користиме. Привремената се однесува само и единствено на симболот прикажан на претходното знаме. Таа не може да важи за секој симбол сонце, од едноставната причина што Грција не може да бара ексклузивитет на секое графичко решение на сонце, односно на секој симбол сонце.
Сепак во време кога ја тужиме Грција повикувајки се на привремената спогодба секој чекор којшто се презема треба да е внимателно пресметан и не треба безпотребно да и даваме изговори.
Upon entry into force of this Interim Accord, the Party of the Second Part shall cease to use in any way the symbol in all its forms displayed on its national flag prior to such entry into force.

No comments:
Post a Comment