Saturday, April 16, 2011

Најпатриотско решение за името ???

Во артикл на Интернет страната Press 24, почесниот лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, отворено се залага за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија, име кое според него замислете би било најпатриотско решение.

Јас можам да ви кажам дека уште пред три години напишав текст каде што јасно и недвосмислено кажувам дека во името Северна Македонија не гледам никаво загрозување на националниот идентитет на Република Македонија, гледам достоинствено решение ... и конечно ако сакате сметам дека тоа е и најпатриотското име на Република Македонија.

Како прво дури и неписмен човек би сфатил дека најпатриотско решение е името воопшто да не се смени, а како второ истрчување со "најпaтриотски имиња" не е патриотизам туку нешто сосема спротивно. Штом јавно започнуваме со исфрлање на подобри или помалку добри варијанти за ново име тоа не значи ништо друго туку дека веќе сме прифатиле и сме се помириле со тоа дека името Република Македонија ќе биде сменето. Кажете "Не" за промена на името!

No comments: