Пред некој ден на ТВ беше кажано нешто во стилот: Бугарија се граничи со Турција, Грција, Романија, Србија и Република Македонија.
Сите шути, само ние со рогови. Сите само со име, а ние и со презиме. Се чудам зошто само Македонија беше спомната како Република, а овие другите не. Тоа е некаква титула, нешто ко шугавост или со тоа се сака да се направи дистинкција со некоја друга Македонија која е само Македонија, а не е република? Зошто не кажаа Република Бугарија за немој некој случајно да се збуни со византиската тема Бугарија. Зошто не кажаа Република Грција за немој некој да помисли на античка Грција која баш и нема многу допирни точки со земјата која денес се нарекува Грција?
И немаше да ми биде чудно доколку некој игнорантен странец го кажеше ова пред странски гледачи. Но новинарот беше Македонец, а телевизијата македонска која емитува програма на територијата на Македонија. Немаше да ми биде чудно ни ако се правеше разлика меѓу поширокиот регион Македонија и нашата република. Но програмата не беше за историја, а за фудбал. Можеби овој блогпост и немаше да постои доколку оваа појава беше инцидентнта, а не сериска каква што и е.
Да не ме сфати некој дека имам проблем со тоа Република. Немам апсолутно никаков. И јас многупати кога се работи за нашата татковина го употребувам името Република Македонија. Ама коа веќе тераш со долги имиња нарекувај ги и другите со нив. Не Русија, а Руска Федерација, не Америка, а Соединети Американски Држави, не Кина, а Народна Република Кина... не Грција, а Република Грција.
Дали и во Романија или Србија кога станува збор за нивната земја го употребуваат тоа Република, но не и за другите земји? Ко шо тргнало можело и за да не ни се налутат милите Грци пред Република Македонија да го ставаме и тоа бивша југословенска.

No comments:
Post a Comment