10 Мита за грчко-македонскиот спор за името на Р. Македонија
"НЕ ПРЕГОВАРАМЕ, А РАЗГОВАРАМЕ"
Ова пред неколку месеци го изјави македонскиот претседател Георге Иванов. Прочепкав, ама никако не успеав да откријам од каде претседателот го извлекол овој заклучок дека не преговараме, туку разговaраме. Јас како потврда на тоа дека Македонија и Грција преговараат, а не разговараат цитирам извадок од привремената спогодба.
Во текстот стои NAGOTIATE или во превод ПРЕГОВАРА. Освен тоа и двете страни (Македонија и Грција) имаат официјални преговарачи па според ова претседателот греши.
"ШТОМ СЕ ПРЕГОВАРА, ЗНАЧИ ИМЕТО МОРА ДА СЕ СМЕНИ"
Всушност Македонија никаде не се обврзала да преговара за промена на името, туку да преговара за разликата во врска со името. Во претходниот цитат за преговорите стои дека треба да продолжи да се преговара за разликата опишана во Резолуцијата на Советот за безбедност 817. Еве извадок од резолуцијата во која јасно се гледа за што се преговара
Значи Македонија не преговара за промена на име туку преговара за разликата во врска со името. Во тие преговори веројатно е дека Грција сака нашето име да се смени, исто како што веројатно дека ние ќе се бориме да си го зачуваме името. Преговорите за разликата во врска со името, незадолжително мора да завршат со промена на име, а со вразумување на Грција да не бара промена на името на Македонија.
Од истиот цитат се гледа дека Нимиц нема мандат да дава предлози за име на јазик и нација.
"ГРЦИЈА НЕ СТАВИ ВЕТО ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, ТУКУ САМО ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ТУЖБАТА ВО ХАГ НЕМА ДА ЈА ДОБИЕМЕ"
Грчки претставници неколкупати најавуваа вето пред Букурешт, а после Букурешт и експлицитно кажаа дека Грција ставила вето. Сега како одбрана за тужбата во Хаг велат дека воопшто не ставиле вето туку дека само гласале против. Но дури и ако прифатиме дека Грција не ставила вето, во времената спогодба која е потпишана од Македонија и Грција никаде не стои дека Грција се обврзува да не става вето, туку стои дека Грција не треба да го попречува зачленувањето на Македонија во меѓународни организации! Еве извадок од времената спогодба во врска со тоа.
Според ова Грција ја прекршува времената спогодба не само ако ставила вето туку ако на било кој начин не попречила (гласала против) да се зачлениме во меѓународна организација!
"СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ИМЕ, А НЕ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ"
Ова постојано ни го повторуваат претставниците на ЕУ. И ќе беше во ред доколку не се знаеше дека името можеби повеќе од се друго останато го чини идентитетот. Доколку името не е идентитет што е тогаш идентитетот за една земја? Човек за да се ИДЕНТИФИКУВА си го кажува ИМЕТО. Истото ова важи и за една земја.
И не само што Грција бара промена на име туку и на јазик и нација. Во услови кога Македонците освен во Р. Македонија живеат и во окупираните делови на Македонија од Грција и Бугарија, академик Блаже Коневски вели "Јазикот е нашата единствена целосна татковина". Не ми е јасно покрај име на нација јазик и име на држава, што уште треба да побараат Грците да смениме за да се заклучи дека со тоа се засегнува нашиот идентитет.
"МАКЕДОНИЈА ПРОВОЦИРА СО ИМЕНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ СО АНТИЧКИ ИМИЊА"
Скулптура на Филип Македонски пред извесен период беше поставена во Пловдив Бугарија и никој не ги обвини Бугарите дека провоцираат. Скулптурa на Александар Велики има во Шкотска па Грција не протестирала против ова. Зарем Шкотска има поголемо право да поставува споменици на Александар Велики одошто Р. Македонија?
Зошто ова правило да важи само за Македонија? Зошто Македонија да е искучок и да не смее да поставува споменици и да именува објекти со имиња на антички личности од овие простори?
"ИМЕ СО ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА Е ПОДОБРО ОД БЈРМ (FYROM)"
Ова е тврдења на поборниците за промена на име. И се ќе беше ОК ако не се знаеше дека БЈРМ (FYROM) не е име на нашата земја, а кратенка. Македонија никогаш и никаде не се согласила да биде нарекувана FYROM. Кој не верува ако летово оди на одмор надвор од Македонија нека прати писмо адресирано до FYROM па да види дали ќе стигне.
Впрочем ниту "the former Yugoslav Republic of Macedonia" не е име туку привремена референца за користење во ООН. Еве извадок од резолуцијата 817
Ако прифатиме име со географска одредница, тоа нема да е референца, а име. И нема да е привремено туку за век и веков. И што е сеа подобро?
"ГРЦИЈА БАРА ПРОМЕНА САМО НА ИМЕТО"
Ова беше актуелно тврдење од страна на опозицијата пред неколку месеци. Откако Грција побара и промена на националност и јазик на сите ни стана јасно дека не е само името. Откако Грција протестираше за Македонското претседателство со СЕ, те бараше бришење на придавката МАКЕДОНСКО стана очевадно дека целта на Грција не е правење на дистинкција меѓу грчкиот регион Македонија и Република Македонија, туку политички геноцид на се што е македонско!
"СЕКОЈА ПРОМЕНА НА ИМЕТО Р. МАКЕДОНИЈА ЗНАЧИ ГУБЕЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ"
Република Македонија во рамките на Југославија беше СР Македонија. Луѓето што живееа во неа не беа Срмакедонци и не зборуваа на срмакедонски јазик. Доколку го промениме името во Република Северна Македонија јасно е дека македонскиот идентитет ќе стане северномакедонски но доколку се промени во State of Macedonia, малку веројатно е дека идентитетот ќе биде засегнат. Баш пред некое време причитав еден предлог од Ристо Стефов кој вели па штом Грција толку инсистира да си го смениме името, ајде навистина тоа и да го направиме и да си ја преименуваме татковината. Да го избришеме тоа Република и да биде само Македонија.
"АКО НЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ И НАТО ЌЕ БИДЕМЕ ИЗОЛИРАНИ"
И вчера не бевме во НАТО па не бевме изолирани, што може да е поголем доказ од тоа. Над 120 земји во светот не имаат признато под уставно име. Имаме стратешки договор со најмоќната земја во светот САД. Никој не го повлекол својот амбасадор од Македонија...
Сценариово е повеќе за плашење на мали деца. Ваквите сценарија дека ако не се направи ова или она Македонија ќе се распадне, ќе престане да постои се активираат со цел Македонија да се откаже од своите интереси и да потклекне под притисокот.
"АКО САКАМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО МОРАМЕ ДА ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО И СЕКОЈ ШТО Е ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕ Е ПРОТИВ ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕУ И НАТО"
Баш овој период дел од невладиниот сектор ќе држат трибини и ќе ги "убедуваат" Македонците дека ако сакаме да влеземе во ЕУ (и НАТО) треба да си го смениме името и дека ако си против промена на име си против зачленување во НАТО и ЕУ. Баш ме интересира како можат да убедат човек со просечна интелигенција знаејки дека во ниеден документ на ЕУ, (ниту пак на НАТО) не пишува дека ако Македонија сака да се зачлени треба да си го смени името.
Не ми е јасно сега како ако си против промена на име си против НАТО и ЕУ кога на сите анкети се покажало дека мнозинството испитаници се ЗА зачленување во ЕУ и НАТО исто како и тоа дека на сите анкети мнозинството испитаници се против промена на име.
Апсурдот е поголем ако се знае дека Грција ја има признато Р. Македонија под привремената референца, што значи дека не треба да има ништо против Р. Македонија да биде примена во НАТО под привремената референца! Еве извадок од привремената спогодба
Грција не признала под тоа име и нема што да бара повеќе.
Патем кажано Грција во привремената спогодба се согласува со тоа дека економскиот развој на Македонија треба да се помогне со меѓународна соработка, а попречувањето за влез во НАТО на Македонија е спротивно на тоа. И не само тоа туку и се согласува да се потпомага развојот на Македонија во соработка со ЕУ! Што е поголема соработка со ЕУ од самото зачленување во ЕУ за кое Грција неправно не блокираше. Еве го извадокот
Мит 1

The Parties agree to continue negotiations under the auspices of the Secretary-General of the United Nations pursuant to Security Council resolution 845 (1993) with a view to reaching agreement on the difference described in that resolution and in Security Council resolution 817 (1993).
Во текстот стои NAGOTIATE или во превод ПРЕГОВАРА. Освен тоа и двете страни (Македонија и Грција) имаат официјални преговарачи па според ова претседателот греши.
Мит 2
"ШТОМ СЕ ПРЕГОВАРА, ЗНАЧИ ИМЕТО МОРА ДА СЕ СМЕНИ"
Всушност Македонија никаде не се обврзала да преговара за промена на името, туку да преговара за разликата во врска со името. Во претходниот цитат за преговорите стои дека треба да продолжи да се преговара за разликата опишана во Резолуцијата на Советот за безбедност 817. Еве извадок од резолуцијата во која јасно се гледа за што се преговара
a difference has arisen over the name of the State, which needs to be resolved
Значи Македонија не преговара за промена на име туку преговара за разликата во врска со името. Во тие преговори веројатно е дека Грција сака нашето име да се смени, исто како што веројатно дека ние ќе се бориме да си го зачуваме името. Преговорите за разликата во врска со името, незадолжително мора да завршат со промена на име, а со вразумување на Грција да не бара промена на името на Македонија.
Од истиот цитат се гледа дека Нимиц нема мандат да дава предлози за име на јазик и нација.
Мит 3
"ГРЦИЈА НЕ СТАВИ ВЕТО ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, ТУКУ САМО ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ТУЖБАТА ВО ХАГ НЕМА ДА ЈА ДОБИЕМЕ"
Грчки претставници неколкупати најавуваа вето пред Букурешт, а после Букурешт и експлицитно кажаа дека Грција ставила вето. Сега како одбрана за тужбата во Хаг велат дека воопшто не ставиле вето туку дека само гласале против. Но дури и ако прифатиме дека Грција не ставила вето, во времената спогодба која е потпишана од Македонија и Грција никаде не стои дека Грција се обврзува да не става вето, туку стои дека Грција не треба да го попречува зачленувањето на Македонија во меѓународни организации! Еве извадок од времената спогодба во врска со тоа.
1. Upon entry into force of this Interim Accord, The Party of the First Part agrees not to object to the application by or the membership of the Party of the Second Part in international, multilateral and regional organizations and institutions of which the Party of the First Part is a member;
Според ова Грција ја прекршува времената спогодба не само ако ставила вето туку ако на било кој начин не попречила (гласала против) да се зачлениме во меѓународна организација!
Мит 4
"СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ИМЕ, А НЕ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ"
Ова постојано ни го повторуваат претставниците на ЕУ. И ќе беше во ред доколку не се знаеше дека името можеби повеќе од се друго останато го чини идентитетот. Доколку името не е идентитет што е тогаш идентитетот за една земја? Човек за да се ИДЕНТИФИКУВА си го кажува ИМЕТО. Истото ова важи и за една земја.
И не само што Грција бара промена на име туку и на јазик и нација. Во услови кога Македонците освен во Р. Македонија живеат и во окупираните делови на Македонија од Грција и Бугарија, академик Блаже Коневски вели "Јазикот е нашата единствена целосна татковина". Не ми е јасно покрај име на нација јазик и име на држава, што уште треба да побараат Грците да смениме за да се заклучи дека со тоа се засегнува нашиот идентитет.
Мит 5
"МАКЕДОНИЈА ПРОВОЦИРА СО ИМЕНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ СО АНТИЧКИ ИМИЊА"
Скулптура на Филип Македонски пред извесен период беше поставена во Пловдив Бугарија и никој не ги обвини Бугарите дека провоцираат. Скулптурa на Александар Велики има во Шкотска па Грција не протестирала против ова. Зарем Шкотска има поголемо право да поставува споменици на Александар Велики одошто Р. Македонија?
Зошто ова правило да важи само за Македонија? Зошто Македонија да е искучок и да не смее да поставува споменици и да именува објекти со имиња на антички личности од овие простори?
Мит 6
"ИМЕ СО ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА Е ПОДОБРО ОД БЈРМ (FYROM)"
Ова е тврдења на поборниците за промена на име. И се ќе беше ОК ако не се знаеше дека БЈРМ (FYROM) не е име на нашата земја, а кратенка. Македонија никогаш и никаде не се согласила да биде нарекувана FYROM. Кој не верува ако летово оди на одмор надвор од Македонија нека прати писмо адресирано до FYROM па да види дали ќе стигне.
Впрочем ниту "the former Yugoslav Republic of Macedonia" не е име туку привремена референца за користење во ООН. Еве извадок од резолуцијата 817
this State being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as "the former Yugoslav Republic of Macedonia
Ако прифатиме име со географска одредница, тоа нема да е референца, а име. И нема да е привремено туку за век и веков. И што е сеа подобро?
Мит 7
"ГРЦИЈА БАРА ПРОМЕНА САМО НА ИМЕТО"
Ова беше актуелно тврдење од страна на опозицијата пред неколку месеци. Откако Грција побара и промена на националност и јазик на сите ни стана јасно дека не е само името. Откако Грција протестираше за Македонското претседателство со СЕ, те бараше бришење на придавката МАКЕДОНСКО стана очевадно дека целта на Грција не е правење на дистинкција меѓу грчкиот регион Македонија и Република Македонија, туку политички геноцид на се што е македонско!
Мит 8
"СЕКОЈА ПРОМЕНА НА ИМЕТО Р. МАКЕДОНИЈА ЗНАЧИ ГУБЕЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ"
Република Македонија во рамките на Југославија беше СР Македонија. Луѓето што живееа во неа не беа Срмакедонци и не зборуваа на срмакедонски јазик. Доколку го промениме името во Република Северна Македонија јасно е дека македонскиот идентитет ќе стане северномакедонски но доколку се промени во State of Macedonia, малку веројатно е дека идентитетот ќе биде засегнат. Баш пред некое време причитав еден предлог од Ристо Стефов кој вели па штом Грција толку инсистира да си го смениме името, ајде навистина тоа и да го направиме и да си ја преименуваме татковината. Да го избришеме тоа Република и да биде само Македонија.
Мит 9
"АКО НЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ И НАТО ЌЕ БИДЕМЕ ИЗОЛИРАНИ"
И вчера не бевме во НАТО па не бевме изолирани, што може да е поголем доказ од тоа. Над 120 земји во светот не имаат признато под уставно име. Имаме стратешки договор со најмоќната земја во светот САД. Никој не го повлекол својот амбасадор од Македонија...
Сценариово е повеќе за плашење на мали деца. Ваквите сценарија дека ако не се направи ова или она Македонија ќе се распадне, ќе престане да постои се активираат со цел Македонија да се откаже од своите интереси и да потклекне под притисокот.
Мит 10
"АКО САКАМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО МОРАМЕ ДА ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО И СЕКОЈ ШТО Е ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕ Е ПРОТИВ ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕУ И НАТО"
Баш овој период дел од невладиниот сектор ќе држат трибини и ќе ги "убедуваат" Македонците дека ако сакаме да влеземе во ЕУ (и НАТО) треба да си го смениме името и дека ако си против промена на име си против зачленување во НАТО и ЕУ. Баш ме интересира како можат да убедат човек со просечна интелигенција знаејки дека во ниеден документ на ЕУ, (ниту пак на НАТО) не пишува дека ако Македонија сака да се зачлени треба да си го смени името.
Не ми е јасно сега како ако си против промена на име си против НАТО и ЕУ кога на сите анкети се покажало дека мнозинството испитаници се ЗА зачленување во ЕУ и НАТО исто како и тоа дека на сите анкети мнозинството испитаници се против промена на име.
Апсурдот е поголем ако се знае дека Грција ја има признато Р. Македонија под привремената референца, што значи дека не треба да има ништо против Р. Македонија да биде примена во НАТО под привремената референца! Еве извадок од привремената спогодба
Upon entry into force of this Interim Accord, the Party of the First Part (Greece) recognizes the Party of the Second Part (Macedonia) as an independent sovereign state, under the provisional designation.
Грција не признала под тоа име и нема што да бара повеќе.
Патем кажано Грција во привремената спогодба се согласува со тоа дека економскиот развој на Македонија треба да се помогне со меѓународна соработка, а попречувањето за влез во НАТО на Македонија е спротивно на тоа. И не само тоа туку и се согласува да се потпомага развојот на Македонија во соработка со ЕУ! Што е поголема соработка со ЕУ од самото зачленување во ЕУ за кое Грција неправно не блокираше. Еве го извадокот
The Parties agree that the ongoing economic development of the Party of the Second Part (Macedonia) should be supported through international cooperation, as far as possible by a close relationship of the Party of the Second Part (Macedonia) with the European Economic Area and the European Union.
No comments:
Post a Comment