Wednesday, January 27, 2010

Писмо поради некористење на македонскот јазик

До
Министерството за култура на Република Македонија

E-mail: info@kultura.gov.mk

До
Јавен обвинител на Република Македонија

E-mail: jorm@jorm.org.mk

До
Државен правобранител на Република Македонија

Е-пошта: info@dprm.gov.mk
Линк до формата за испраќање електронски пораки

Почитувани,

Во град Скопје, населба Чаир, се наоѓа споменикот (спомен обележјето) на Ѓоргија Кастриот Скендербег. Името на личноста претставена на споменикот е напишано само на албански јазик со албанска латиница. Значи не е спорно зошто е напишано на албански јазик и со албанската латиница, туку имајки предвид дека македонскиот е официјален во градот Скопје и на целата територија на Република Македонија зошто покрај албанскиот не е напишано и на македонски јазик со македонската кирилица? Како што знаете ова е спротивно на член 7 од Уставот, законот за македонски јазик и на законот за меморијални споменици и спомен обележја. Ве молам да ги преземете сите законски мерки коишто Ви следуват за да го исправите ова.

Однапред ви благодарам

4 comments:

Anonymous said...

To e sprotivno pred se' na:

Zakonot za upotrebata na makedonskiot jazik !!!!

kimi said...

коментар сосем на место

SSmart said...

".....makedonskata azbuka.."- ova e karadjicata ?!?!?!?

Anonymous said...

... навистина !... - колку пати имам поминато од таму и си велам зошто ова не е запишано на македонски : „ Иван од Тврдината “ ...
... нели :О ...