Friday, November 06, 2009

Северна Република Македонија

Случајно на Нет налетав на сликава со наслов Predlog grb i zname za Severna Republika Makedonija на фејсбук профилот на Tanja

Со вакво име, знаме и грб, Дедо Мраз со подароци почесто ќе ни иде на гости, а Јети ќе стане туристичка атракција. Зимските ски центри ќе се полнат и национален спорт ќе стане хокејот, а наместо Охридки маратон ќе имаме уметничко лизгање по замрзнатото езеро.

За да се комплетираат државните симболи ќе треба и химната да летне. Среќа што "Бело лице љубам јас" со мали измени идеално ќе се вклопи

"Едно име љубам јас,
едно име љубам јас
и да љубам и да гледам
фајде нема, душо моја
Северна, северна,
ти земјо неверна...."

И на крај за името да не е предолго и да се заштеди на време ќе избришеме тоа Македонија шо ќе ни е џабе место да фаќа и ќе си остане само Република Северна,. Луѓето пак внатре во неа ќе станат Северњаци и ќе зборат на северњашки јазик. Со текот на време којзнае можеби Норвешка и Финска да ни станат нови соседи наместо Грција.

Јбг да не знае човек да плаче или да се смее. Поцрн хумор - здравје.

No comments: