Thursday, September 17, 2009

Предавници и патриоти???

Капетански дневник број 17/9/09

Ништо важно... Само неколку мои субјективни ставови, ако некој го интересира ова, те ако некој воопшто го чита овој блог. Изминатите неколку месеци не еднаш мојата љубов кон Македонија беше оспорувана од некои самопрогласени патриоти. Патриоти за коишто поважно од тоа Македонија да си го зачува уставното име е Грција да пропадне во земја. Патриоти коишто наместо да се запрашаат што тие имаат направено за Македонија, се занимаваат со абсурдноста на тоа кој е вистински, а кој невистински Македонец. Ако направиш муабет со Бугарин веднаш те прогласуваат за бугарофил. Ако имаш другари од Србија веднаш те сместуваат во категорија србофили.

Патриоти за коишто поважно е да сонуваш за тн Обединета Македонија и да веруваш дека еден ден Солун ќе биде наш, одошто да знаеш дека Македонија се пишува со голема почетна буква. Секој може да е херој зад мониторот, во реалниот живот е сосема поинаку. За таквите патриоти да пишуваш на кирилица и не е така важно бидејки тоа не е мерило за патриотизам. Единствено објективно мерило за тоа е нивната субјективност и тоа колку Грци имаш навредено.

За нив Македонец можеш да бидеш само ако си православен христијанин бидејки во нивната ограничена свест останатите религии не се достојни на православието. Ако некој твој став се разликува од нивниот веднаш ти лепат етикета предавник. Таквите патриоти луцидно веруваат дека тие се оние коишто ја имаат ексклузивната дозвола да ти го одземат правото да бидеш Македонец.

Оваквите мали луѓе сакаат да станат големи на тој начин што се обидуваат големите да ги направат помали одошто наистина се. На тој начин си го хранат повреденото его и чукајќи се в гради демонстрираат патриотизам. Ако не можеш да си најбољи каубој у град, стрелај в грб на оној кој што е најбољи. Да се разбереме никад не сум се чувствувал ко патриот баш поради постоењето на ваквите патриоти. Преку к.р ми е од нив. Јас сум си Македонец и мене тоа ми е повеќе од доволно, друго и да сакам не можам да бидам. Ако некој не ме доживува како таков негово право, негов проблем. За разлика од нив знам дека Македонија не е единственото убаво парче земја во овој универзум и дека се останато е срање у боја. Сепак тоа не ми пречи да ја сакам и да бидам дел од таа земја исто како што и таа е дел од мене.

No comments: