По неколку месечно креирање видеа, пишување коментари, праќање на протестни пораки и лобирање на секаков можен начин, задоволство ми е да ве информирам дека македонската YouTube заедница конечно успеа да го натера YouTube да не нарече кратко и јасно Macedonia*. Горд сум што и јас бев еден од неколкуте стотици Македонци кои активно ја подржаа оваа иницијатива и што го креирав првото видео клипче за оваа цел.
Кога кампањата започна ретко кој веруваше во триумф. Ова е доказ дека ако сме сложни и ако нашите дејствија се правилно насочени можеме да постигнеме се што ќе замислиме. Успехот е огромен со оглед дека YouTube е трета најпосетена интернет страна во светот, а воедно и во Македонија.
Секој оној кој учествуваше во кампањата тоа го направи само и единствено од љубов кон Македонија. Благодарност до сите нив и до YouTube кој не остана нем на нашите праведни барања.
Секој оној кој учествуваше во кампањата тоа го направи само и единствено од љубов кон Македонија. Благодарност до сите нив и до YouTube кој не остана нем на нашите праведни барања.
*Претходно бевме напишани како Macedonia - the former yugoslav republic of
3 comments:
Конечно!
Успеавме, другарче. :)
Ako mislite deka YouTube izregairale na vashata kampanja, videa i poraki, ke mora ve razocharam. Kako i da e vazno e smeneto sega za sega. ;)
Always glad to help!
Post a Comment