Имајки предвид дека во Youtube Македонија е заведена под името Macedonia - The Former Yugoslav Republic of, решив да го напишам овој пост со совет како наместо FYROM во информација за корисникот на секој зачленет македонец да пишува R. Macedonia. Инаку кога јас се зачленив во Youtube таков совет добив од KruserMK. Па еве се по ред:
1. Треба да сте зачленети во Youtube за да може да избирате било која земја вклучително и Македонија и за да може на страната со профилот да се појавува и земјата од која што сте.
2. Откако ќе се зачлените отидете во my account, profile setup и внесете ги податоците за себе што сакате да бидат прикажани.
3. Кога ќе стигнете до Hometown / Location, а особено Country кадешто по принцип треба да се избере земјата од која што сте едноставно прескокнете го и не пишувајте т.е. не избирајте никоја земја. Причината заради тоа е како што веќе напишав дека Македонија е заведена под името Macedonia - The Former Yugoslav Republic of.
4. Информација за земјата од којашто сте шо ќе рече Р. Македонија можете да напишете во About me, describe yourself, а може и на друго место каде што мислите дека е соодветно. Ако немате напишано ништо за себе таму едноставно напишете ја само информација за земјата од која што сте. Ако имате не мора да го бришете предходно напишаното туку само додадете текст со информацијата. Пример:
Nationality: Macedonian
Country: Republic of Macedonia
Националност: Македонец
Земја: Република Македонија
Наведениот пример можете само да го копирате и да го залепите таму како би се поедноставила постапката. Полесно од ова здравје.
Колку што видов повеќето членови македонци во Youtube веќе го имаат направено ова, но се надевам постов да биде корисен за оние што тепрва сакаат да се зачленат таму. Да не биде со свој камен по глава, не за друго. Се надевам наскоро да се покрене иницијатива за Youtube да не именува како Македонија - без додавки и придавки.

No comments:
Post a Comment