Tuesday, January 20, 2009

YouTube Say Macedonia веќе и на Facebook

Иницијативата YouTube Say Macedonia се прошири со поголема брзина одошто се очекуваше. На YouTube има качено над дваесет клипчиња и сите се видени во просек над 100 пати или околу 2000 пати сите вкупно. Бројот на коментарите со подршка на кампањата се зголемува со секој изминат час. По предлог на Димитровска Василка отворена е и група на Facebook и во моментот има 400 члена. Се очекува за кратко време да станеме над 1000. Најзаслужен за привлекувањето на членовите е Александар Огрец. Од него добив и добри совети за раководење на групата. Отворена е и дискусија на Кајгана па кој сака нешто да напише еве линк. Имаме подршка и од најголемата македонска Facebook група која брои речиси 17000 члена. На нивниот wall, а и како коментар на некои клипови на YouTube е напишано:

Дечки, видеово сите да им го пратите на
YouTube каналот ( http://www.youtube.com/youtube ):

http://www.youtube.com/watch?v=BNOOpat3A2k

Со овој текст:

YOUTUBE SAY MACEDONIA

The USA has recognized Macedonia under its constitutional name the Republic of Macedonia. The interim name (Former Yugoslav Republic of Macedonia) should not be used by commercial and non-commercial entities based in the USA (amongst others) for legally obligated purposes. This is a direct contravention of US Foreign Policy. YouTube headquarters are located in San Bruno, California, United States. YouTube should comply with said policy.

Па би ве замолил сите да го направиме ова

Отворена е и Hi5 група под името YouTube Say Macedonia

Клипчињата ги има веќе и на Rapidshare па кој сака да ги симне може тоа да го направи од овде

1 comment:

Anonymous said...

браво браво