Пред некој ден добив препорака која што повеќе звучеше како наредба да го променам амблемот на мојот блог кој како што знаете (ако не знаете погледнете погоре) е сонцето од нашето знаме на кружна основа. Коментаторот дури и го нарече сегашното знаме вентилатор (?!) и ми препорача да го заменам со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш. За мене ова е лажен патриотизам, удирање во гради и целосно непознавање и непочитување на македонските симболи и обележја.
Не знам само од каде доаѓа омразата кон сегашното знаме? Дали можеби од фактот дека старото сосила ни беше укинато, дали поради тоа што некои луѓе мислат дека симболот на Македонија е конкретното сонце од Кутлеш, а не сонцето како симбол? Факт е дека на територија на Македонија се најдени фрески, дрворезби, камени цртежи на кои што е нацртано сонце. Што има лошо во стилизираноста на сонцето од сегашното знаме? На некои камени цртежи кои што се сметаат за најстари цртежи најдени во Македонија на кои што е нацртано сонце, сонцето има 8 краци исто како сегашното знаме на Р. Македонија.
Толку многу прашања а толку малку одговори. Сонцето е едно а во Македонија си имаме еден куп, да не грејат и зиме и лете. И кога се вариме од жештина и кога се смрзнуваме ко пингвини.

No comments:
Post a Comment