Во шестиот број на босанско херцеговскиот стрип магазин Parabellum, кој што според најавата треба да биде објавен на самиот почеток од идната 2015 година, застапени ќе бидат и стрипови на македонски автори. Parabellum, кој е сметан за најобемниот стрип магазин во регионот, е издание на „Девета димензија“, здружение на стрип автори и стрип љубители од Република Српска. Во досегашните пет броја на магазинот, објавени беа неколку стрипови на автори од Македонија.
Меѓу македонските стрип автори чии што стрипови се застапени во овој шести број на Parabellum се: Јован Секуловски, Александар Стеванов, Весна Ничевска Саравинова, Јордан Коцевски и Дарко Богданов.
Повеќе на: devetadimenzija.com
Објавено во Вечер и МКД.мк
No comments:
Post a Comment