Промоција на стрип албумот „Војдан“

Задутре (петок, 14 ноември 2014) во 20:00 часот во Кафе Ли, издавачката куќа Стрип Квадрат ќе одржи промоција на стрип албумот „Војдан“ на истакнатиот македонски автор од постарата генерација, Диме Иванов - Димано.


„ВОЈДАН е стрип албум на нашиот истакнат стрип автор Диме Иванов - ДИМАНО, всушност три стрип приказни спакувани во едно тврдо укоричено издание кое ретко се сретнува на нашите простори. Приказните се една своевидна епопеја, ги следат патешествијата на јунакот Војдан во Македонија, и тоа во периодот после битката на Беласица, па се до востанието на Петар Делјан. Стрип албумот на повеќе од 130 страници изобилува со прекрасни пејсажи, битки, љубов, одмазда и смрт, многу умешно спакувани во една голема приказна, приказна која се случува токму на овие наши простори во почетокот и средината на 11 век.

Две страници од стрип албумот Војдан

Покрај „Војдан“, промовирани ќе бидат и сликовниците „Бесмртната вода“ на авторите Владимир Гавровски, Смиле Цветановски, и Тони Анастасовски, и „Јунакот од Мечкин камен“, третиот наслов од едицијата “Револуционери”, со текст на Никола Темков и илустрации од Диме Иванов - Димано.

За повеќе информации - клик!

No comments: