Архитектурата во Скопје - Брутална, модерна, космичка

„Архитектурата во Скопје - брутална, модерна, космичка“, барем така пишува во статија објавена на вебсајтот www.yomadic.com.


Но со тоа авторот на оваа статија, Нејт Роберт (Nate Robert), не мисли на хиперпромовираните градби од проектот Скопје 2014, туку на оние подзаборавени објекти, градени по земјотресот во бруталистички стил, за кои и самиот тој вели дека за жал се препуштени на забот на времето.


Авторот на текстот е толку импресиониран од овие градби што дури и го нарекува Скопје светска престолнина на бруталистичката архитектура (Brutalist architecture) и вели дека во него има поголем број на објекти во овој стил одошто било кое друго место на земјата.

Скопје главниот град на Македонија, се вели понатаму во статијата, е свет како од сон за љубителите на космичката бетонска архитектура од комунистичката ера, а за да го прочитате целиот текст (на англиски), кој фрла светлина на подзаборавеното македонско бруталистичко архитектонско наследство, кликнете овде - Communist Architecture of Skopje, Macedonia – A Brutal, Modern, Cosmic, Era

Дополнително:

No comments: