НЕ ПОГАНЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА, ОВАА СВЕТА БОЖЈА ЗЕМЈА!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

За вера во Бога и за име пред светот не треба дозвола од никој, доволни сме си самите за себе и со себе, како и сите! Поради тоа, веднаш и безусловно, крај на разговорите со Атина за државното име Македонија, крај на разговорите со Белград за автокефалноста достоинството и името на Македонската Црква, крај на разговорите со Софија за името на македонскиот народ и јазик! Доста со понижувањето на оваа света земја, народ и јазик! Доста со геноцидот од окупацијата која сто години трае! Од една федерација се отарасивме, не ни треба нова Југославија без нашето име!

И запаметете, ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името државно Македонија, името на народот македонски и името на јазикот македонски! Светот не започнува и не завршува во Стразбур и Брисел. Сега се и не ќе бидат како што и други биле па не се и ги нема! Името на државата, народот и јазикот од Бога се дадени еднаш за сите времиња и за целата вселена! 

Разговори утре повеќе од вчера се само наша вина, промената е злосторство на преговарачите за навек, ним ќе им се врати и наплати! Тие што сакаат во ЕУ без име, еве им ја границата отворена е! Ова е држава Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е македонскиот - тоа е формулата за единство на сите! Ништо друго не не’ обединува и ништо друго не не’ помирува, што ќе не додржи ветрот да не не’ расее. Ова повторно е држава Македонија, Македонците повторно се суверена нација! Македонија вечна! Амин!

No comments: