Free Fonts

Добар фонт понекогаш ја прави сета разлика од просечен до одличен дизајн било да се работи за банер или пак за некој друг проект. Во денешниот блог напис, ви претставувам 12 Интернет страници на кои што можете да најдете фонтови бесплатни за преземање.

1. Blambot Comics Fonts
Blambot е веб страница со фонтови погодни за стрип на која што покрај фонтовите кои може да се купат има и такви кои бесплатно може да се преземат.

2. 1001 Free Fonts
1001 Free Fonts е страница која постои од 1998 година и на неа можете да најдете поголем број на фонтови бесплатни за преземање.

3. Dafont
Dafont e страница на која можете да најдете поголем број на фонтови бесплатни за преземање.

4. Cooltext
Cooltext е страница на кој покрај неколкуте стотици фонтови кои може да се преземат бесплатно нуди и онлајн алатки со кои можете да креирате банер.

5. FFonts
FFonts е страница со над 31 000 фонтови коишто се уредно распоредени по категории.

6. Simply the Best Fonts
Simply the Best Fonts e веб страница со поголем број на фонтови за преземање од кои повеќето се бесплатни.

7. 1001 Fonts
1001 Fonts е веб страница на којшто можете да најдете поголем број на фонтови бесплатни за преземање, уредно распоредени по категории и со приказ на нивниот рејтинг.

8. Font Space
Font Space е страница со над 14 000 фонтови за преземање.

9. Abstract Fonts
Abstract Fonts e страница на којшто можете да најдете поголем број на бесплатни фонтови категоризирани на повеќе начини.

10. Wazu
Wazu е јапонска веб страница на која што покрај останатите можете да најдете 111 кирилични фонтови - LINK.

11. Search Free Fonts
Search Free Fonts е страница на која има над 13 000 фонтови бесплатни за преземање.

12. Free Premium Fonts
Free Premium Fonts е страница со неколку илјади фонтови кои што можат бесплатно да се преземат.

No comments: