Sunday, June 13, 2010

Како да поставите аудио од YouTube клип

Доколку некогаш сте посакале во ваш блогпост да поставите само аудио (без видеото) од YouTube клип, овој туторијал е токму за вас.

Од YouTube клипот од којшто сакате да го поставите аудиото го копирате embed code-от.* Тој изгледа приближно вака:


<object height="344" width="424"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/yNPjIAsVZno&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0x5d1719&color2=0xcd311b"><param name="allowFullScreen" value="true"><param name="allowscriptaccess" value="always"><embed src="http://www.youtube.com/v/yNPjIAsVZno&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0x5d1719&color2=0xcd311b" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" height="344" width="424"></embed></object>



Доколку во вашиот блогпост го поставите кодот онаков каков што сте го копирале тогаш истиот ќе биде прикажан вака (т.е. ќе се гледа и видеото):



Но доколку во параметрот за височина на видеото односно height, бројот којшто стои таму го избришете и на негово место напишете "25" (height="344" > height="25)" т.е. во случајов:



<object height="25" width="424"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/yNPjIAsVZno&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0x5d1719&color2=0xcd311b"><param name="allowFullScreen" value="true"><param name="allowscriptaccess" value="always"><embed src="http://www.youtube.com/v/yNPjIAsVZno&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0x5d1719&color2=0xcd311b" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" height="25" width="424"></embed></object>



На вашиот блогпост ќе биде прикажана само лентата без видеото.



И кога вашите посетители ќе кликнат на PLAY ќе ја слушаат само музиката односно аудиото од клипот, без да се гледа видеото освен ако не кликнат на копчето за раширување на видиото на цел екран (второ од десно).

*се појавува откако ќе кликнете на копчето embed кое се наоѓа под клипот од десната страна.

При копирањето на кодот треба да се внимава да не е избрана опцијата за прикажување на рамка на видеото т.е. Show Border да не е штиклирано.

No comments: