За името и Библијата

Во Библијата неретко се среќава практиката на промена на имињата. Така во стариот завет Господ го менува името на Abram (Аврам) во Abraham (Авраам).

Genesis 17:5

5 No longer will you be called Abram; your name will be Abraham, for I have made you a father of many nations.

Исто го променил и името на неговата жена од Sarai (Сара) во Sarah (Сaaра).

Genesis 17:15

15 God also said to Abraham, “As for Sarai your wife, you are no longer to call her Sarai; her name will be Sarah.

Промената на имињата не е случајна, а е со цел да им се даде нов идентитет на личностите. Abram (Аврам) преведено на македонски значи "висок татко" (high father), a Abraham (Авраам) значи "татко на множество" (father of multitude). Значењето на новото име дополнително се појаснува и понатаму во Библијата.

Genesis 17:6

6 I will make you very fruitful; I will make nations of you, and kings will come from you.

Sarai (Сара) или преведено на македоски е "моја принцеза" (my princess), а Sarah (Сaaра) значи "мајка на нациите" (mother of nations). Понатаму во Библијата за значењето на името Sarah (Сaaра) се вели:

Genesis 17:16

16 I will bless her and will surely give you a son by her. I will bless her so that she will be the mother of nations; kings of peoples will come from her.”

Интересно е тоа како само една или две букви го менуваат целото значењето на едно име, а со тоа и идентитетот на човекот што го носи.

Што ли би кажале на ова поборниците за промена на името на нашата татковина и перачите на мозок што повторуваат дека се работи само за промена на името, а не и на идентитетот.

Ист е и случајот со Peter (Петар) следбеникот на Jesus (Исус). Прво тој бил рибар и се викал Simon (Симон) или преведено на македонски "Господ слушна" (God has heard). Откако почнал да го следи Jesus (Исус) го добил името Cephas (Кифа) те Peter (Петар) или преведено на македонски "Карпа" (rock).

John 1:42

42 And he brought him to Jesus. Jesus looked at him and said, “You are Simon son of John. You will be called Cephas (Peter).

И според до овде кажаното можеби некој ќе помисли дека штом е спомнувана во Библијата промената на име не е нешто спротивно на христијанските закони.

No sir!

Господ преку визија му се појавил на Paul (Павле) и му рекол да оди во Македонија. Не му рекол да оди таму во некое си место туку убаво било спомнато името Македонија. Еве го извадокот.

Acts 16

16:9 During the night Paul had a vision. A man from Macedonia was standing there and pleading with him, "Come over to Macedonia and help us!"

16:10 As soon as he had seen the vision, we immediately looked for a way to go to Macedonia, because we were convinced that God had called us to tell the people there the good news.

Тој не и го променил името и со самото тоа што рекол Македонија го потврдил нејзиниот идентитет. Она што Господ го направил не бива човек да го сруши. Ако Господ ја нарекол оваа земја Македонија тогаш никој го нема правото да ја преименува.

Македонија во Библијата не се среќава само во горниот цитат. Клинете овде за да ги погледнете и другите.

Првата покрстена христијанка на тлото на Европа била Македонката Лидија. И сега оние што се покрстија отпосле, нас не не пуштаат да влеземе во ЕУ освен ако не не крстат одново, како не би биле први.

Ако сте христијанин, а сакате да го смените името на Македонија, помислете малку за ова!

1 comment:

Nemo said...

А ако не сме христијани, и не сакаме да го смениме името на мојата татковина, и ама баш ич не ни е гајле дали се спомнува името на мојата татковина во книга која е грчки фалсификуван превод од IV Век, чиј оригинал е еврејски закон, кој пак е вавилонски?? Што замарате со вакви изјави, бесцелни , Имиња со библии... Ние нехристијаните не ја сакаме Македонија. Све христијаните по правиот пат. Ахам да... После Европа... Е Нема Европа со вакви изјави... Европа е Политика и Шах, а не забегувања и бладање...