Tuesday, February 26, 2013

Директорот знаел да црта, алелуја

Отворено писмо до Директорот на Центарот за управување со кризи.

Повод: информацијата, изнесена на официјалниот сајт на Центарот за управување со кризи, дека директорот поседувал способност за цртање [1]

Почитуван господине Зулфи Адили, директор на Центарот за управување со кризи,
по повод вашето професионално CV во кое стои дека сте имале талент за цртање, што несомнено е основен предуслов за човек да може да стане директор на Центарот за управување со кризи, ве замолуваме да нацртате два волка. Првиот да ве изеде вас заедно со терористот во јагнешка кожа командант Форина, а вториот да нè изеде нас затоа што толерираме недоквакани луѓе како што сте вие.

[1] www.cuk.gov.mk: „Зулфи Адили Директор на Центарот за управување со кризи... Уметнички вештини и способности: цртање, креативно пишување“

No comments: