Пред стартот на Светското првенство во Шпанија, кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари, а каде што Македонија е во групата Б во Севиља заедно со репрезентациите на Чиле, Катар, Русија, Исланд и Данска, стигнаа пријатни вести од организаторот Шпанија.
Имено на нивната официјална веб страница handballspain2013.com/en/Teams/Macedonia нашата држава е заведена со уставното име Македонија.
Оваа убава вест треба да е мотив плус за нашите ракометари достојно да нè презентираат пред светската спортска јавност.
Автор: Благојче Андонов
No comments:
Post a Comment