Sunday, October 14, 2012

Досие Стилјан

Со Стилјан Самарџиев за прв пат на FB се запознав пред околу две години. Се сеќавам дека во тоа време ме прашуваше што мислам за битката за Македонија и како таа треба да се води. Му одговорив - првично со ширење на македонштината меѓу Македонците и промовирање на македонската вистина пред очите на светот.

Тогаш тој беше дистрибутер на весникот на Македонците во Грција - Нова Зора. Ми се пофали дека сам го дистрибуира весникот и дека има контакт со многу македонски патриоти. Немав сомнеж дека момчето навистина чувствува љубов кон Македонија и дека има огромна желба да ги исправи сите неправди кои му се нанесени на Македонецот. Но забележав и дека за жал не располага со потребната зрелост како да допринесе во таа насока и дека се движи по опасни патеки.

Му сугерирав наместо со тоа што му се вртеше во главата да започне да пишува текстови за македонската вистина или пак такви текстови да преведува на грчки јазик, мислејќи дека така најправилно би ја канализирал својата љубов кон Македонија. На ова добив одговор дека тоа е веќе испробано и дека треба нешто многу повеќе, нешто порадикално.

Во идните неколку месеци Стилјан на чатот во неколку патриотски FB групи каде што сум член на оваа тема разговараше повеќе пати. Муабетот го водеше во насока што мислат Македонците за вооружено да се бара обединување на Македонија.

Набргу потоа овој FB профил на Стилјан згасна за по некое време тој одново да стане главниот актер во нова контроверзна ситуација.

Имено, претставници на партијата на Македонците во Грција побара новокреираната FB група „Виножито“ да биде избришана. Тие тврдеа дека зад нејзиното креирање не стои партијата „Виножито“ туку Стилјан Самарџиев затскриен зад лажен профил на девојка. По притисоците и предупредувањата за тужба од страна на „Виножито“ групата беше избришана, а со неа згасна и профилот на девојката зад кој што се твреше дека стои Стилјан. Подоцна до мене стигнаа информации дека навистина профилот на девојката бил негов што и самиот го признал. Колку последното е вистина не би знаел.

Бидејќи медимуите за неговиот подвиг со поставувањето на знамето масовно пишуваа и тоа претежно копи пејст информации решив да го истражам целиот случај. Имено на 26 август го контактирав преку FB и го замолив за интервју, а по добиениот позитивен одговор од негова страна му пратив 10 прашања, едноставно поставени и дополнително објаснети.

Во разговорот тој спомна и некои работи за настанот со знамето за кои, верувајќи дека тоа што го говори е вистина, му сугерирав да не ги споменува никому, особено не на новинари, затоа што ако се објават во медиумите може само да му наштетат во престојниот судски процес кој што ми кажа дека ќе се води против него во Грција.

На крај ми пиша дека прашањата ќе ми ги одговори детално и дека ќе ми ги прати.

На 29 август кога повторно го контактирав ме замоли да му ги преведам сите прашања на англиски. Истото и го направив. Подоцна во разговор со луѓе кои го познаваат реагираа зачудено за тоа дека ми барал да му ги преведувам прашањата на англиски, тврдејќи дека доволно добро го знаел македонскиот.

На 8 септември го контактирав уште еднаш, по што ми ги прати одговорите (на македонско-англиски јазик), кои што не само што не беа детално одговорени како што ми најави туку на повеќето прашања беше одговорено со по само една преопшта реченица во која не се споменува ништо ново од она досега кажаното. Немаше ништо друго освен општи, оскудни со информација работи во стилот „односот на полицијата кон мене беше нормален како кон секој притворен само што имаше повеќе психолошка тортура“.

Ми падна чудно дека за нешто што му се случило пред скоро време тој има да каже толку малку и без изнесување на никакви детали. Интервјуто (едвај ли можеше да се нарече така) секако не го објавив за што го известив и него. Беше објавен само еден негов цитат во посебна статија, за што исто така уредно го известив.

Ова не е статија која фрла директна светнина врз неразјаснетиот случај со наводното убиство на неговиот братучед, туку за сомнителноста околу случајот со кој што тој првично се прослави во медиумите. До овде три работи ми говорат дека настанот со знамето воопшто и не се случил:

Првата е тоа што неговите одговори беа без никаква суштинска информација и нешто што би покажало дека она што го кажува навистина му се случило (и дека нивното праќање повеќе пати беше пролонгирано со изговор немање време или неразбирање на прашањата). И претходно сум имал искуство со човек кој што има одговорано на истиот начин, оскудно и без детали, за кој што подоцна се покажало дека си измислува.

Втората е тоа што тој откако бил држен во притвор наместо да му судат го пуштиле да излезе надвор од Грција. Првиот пат, меѓу двете наводни притворувања, по кажувањата на луѓе со кои контактирав тој бил во Битола.

Уште почудно е што по два притвори и судење кое што го очекува (тој ја изнесе таа информација), него го пуштиле уште еднаш да ја помине границата. Имено тој Денот на независноста на Македонија го поминува во Скопје, а и на својот профил објавува фотографии направени во центарот на Скопје на кои се гледа тој.

Трета работа е тоа што за притворот, односно престојното судење поради поставувањето на знамето, нема никаков доказ, па макар и модринка од наводната физичка тортура. Сите информации кои се пренесоа во врска со тој случај беа по негови кажувања, директно цитирани или пренесени од друг.

No comments: