На осми септември 1991 година Македонија се одделува од Југославија и станува слободна, суверена и самостојна Република.
Честит Осми Септември на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци каде и да се!
Честит Осми Септември, ден на независноста на Република Македонија!
Честит Осми Септември на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци каде и да се!
Честит Осми Септември, ден на независноста на Република Македонија!
Земјо Македонска,Земјо македонска - Владо Јаневски
поздравјавам те!
Земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.
Уважавам твојте Македонијо
гори високи.
Горите висојте
и во теб херојте Македонијо
што ги раѓаш ти.
По теб се белеjат Македонијо,
безбројни стада.
Стадата белеат,
а гроздои зрејат Македонијо,
по твој ридови.
Ништо не те плаши Македонијо,
на овој бели свет.
Кој душман ќе влезе
жив нема да излезе Македонијо,
ти го ставаш в гроб.
1 comment:
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЕЧНОСТ!
8 септември 2012 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес им го честита Денот на независноста на сите Македонци по потекло и државјанство во Македонија и во целиот свет. Македонците се суверена нација, Македонија повторно е држава и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени! Македонците повеќе нема да читаат албанска, бугарска, грчка и српска историја за Македонија! Македонската историја веќе ја пишуваат Македонци на македонски јазик и таа ќе се пишува во Македонија!
Браќа и сестри Македонци и Македонки, да го градиме македонскиот свет сите заедно, да бидеме Сите Македонци Еден За Друг, да не забораваме дека македонската цивилизација е основата на современиот културен глобализам и на Нова Европа, да бидеме обединети и единствени, дома и во светот, во одбрана на државното име и за победа на Македонија!
Стоп на разговорите за промена на државното име Македонија! Стоп на грчкиот геноцид врз Македонците!
Да живее Македонија! Нека Господ Бог ги благослови Македонија и Македонците, каде и да се’, Амин!
Post a Comment