Friday, August 03, 2012

Јанус или маскирано лице?

Како Љубчо Георгиевски од човек со толку промакедонски ставови и сфаќања стигна до ситуација од Македонците со право да биде прогласен за предавник е навистина чудно.

Колку ли треба да ти се прераспоредат клетките во мозокот за својот став да го промениш до толку. Но се чини дека тој ниту на почетокот од својата кариера не верувал цврсто во тоа што го кажува на митинзите, туку користејќи ја својата харизма и говорејќи работи за кои што знаел дека ќе му ја исполнат душата на македонскиот народ си го купил патот до владејачката фотеља преку лаги.

„Љубчо Георгиевски, дејствуваше сосема различно. Не дека некогашните организатори на тројките не беа свесни оти најавите за конгрес во Солун се ништо повеќе од неостварлива романтична идеја, но им годеше да чујат различен збор од тој што го слушаа 45 години. А и онака, сметаа дека Македонија и ВМРО се нешто повеќе од тоа. И додека гледаа како наследниците на системот што за малку ќе ги затвореше го крадат богатството создадено од истиот тој систем, идеите за Солун ги заменија со идеи за слобода, правда и еднаквост...

И затоа го следеа Љубчо... Веруваа во младиот Георгиевски, веруваа во неговите зборови дека се бори за Македонија.“ - Дарко Јаневски „Предавството на Љубчо Георгиевски“, Нова Македонија, број 22619, 2.7.2012

Ама на неговите тогашни слатки зборови тој самиот им тури пепел со што си го покажа вистинското лице, односно дека не се борел за Македонија туку за свој личен профит.

Промакедонската идеологија за него веројатно претставуваше само фарса за да го придобие Македонецот во едно време кога требаше да се етаблира на македонската политичка сцена. Потоа националистот се претвори во граѓански ориентиран тип, кој беше подготвен на секакви компромиси на сметка на македонските државни и народни интереси. - Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, Mn.mk, 25 јануари 2012 година.

За тоа дека она што на почетокот од деведесетите години го зборувал Георгиевски не било она што тој го мислел мошне сликовито говори една негова скорашна изјава во која вели дека не треба да им се верува на сè што политичарите ќе кажат на бината бидејќи тогаш се понесени од општата еуфорија, со што директно признава дека од неговата уста излегувале невистини и работи што не ги мислел.

Дополнителен показател дека тој уште тогаш немал изразена македонска национална свест, односно бил бугарофил, е писмо од таткото на ВМРО-ДПМНЕ во кое вели дека Георгиевски во 1992 година, при посета на Америка, наместо на македонската емиграција во Канада да им ги објасни плановите за иднината на Македонија, тој отишол на средба со претставници на бугароманска организација:

Истата вечер по неговото пристигање во Торонто, откако одржа говор пред Македонците во Торонто кои беа дојдени да се поздраават со него, Љупчо Георгиевски по напуштањето на салата на Македонската црква „Свети Климент Охридски“, во придружба на Стојче Наумов, и на големо чудење на Макдонците кои го гледаа тоа, влезе во автомобилот на еден познат бугароман од Детроит, САД, претседателот на тамошната бугарска црковна општина и ја збриша за Детроит. „Бугарите си го зедоа Љупче, значи тој бил нивен“!… Значи имале право весниците во Скопје кога пишувале дека е врховист и бугарски агент“, велеа и коментираа многумина Македонци таа вечер во Торонто.“ - Драган Богдановски, писмо од 1997 година, МКД.мк.

No comments: