Во инструкција на ВМРО ДПМНЕ од 1993 година потпишана од тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, најостро се осудуваат оние кои сакаат да го променат името на нашата татковина и истите се именувани како предавници:
Сега Љубчо Георгиевски, со неговите ставови дека треба да го промениме државното име, самиот си се сместува во клубот на предавниците. За разлика од некогаш, денес Георгиевски покрај останатите свои антимакедонски ставови, заговара и промена на името на нашата земја.
Промената на името, нешто со кое што најголемиот дел од македонските граѓани не се согласуваат, ги промовира како „нишо страшно“, а со тоа ги поткопува и македонските преговарачки позиции.
Се чини дека патот од македонски патриот до национален предавник, барем кога се работи за Георгиевски, и не е така долг.
Дополнително:
Најпатриотско решение за името ??? (16. април 2011)
„На домашните предавници и на целиот свет конечно треба да им стане јасно дека Македонците немаат друга татковина, така што нема да дозволиме никакви „кумови“ и "кумчиња" однадвор и однатре повторно да не крстат и прекрстуваат.
Ние сме одамна крстени и нашето вековно исконско име било, е и ќе биде Македонци.Ние со векови сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и само Македонци и ништо друго.“ - „Љубчо Георгиевски во 1993 година бил против промена на името“, Mn.mk, 11 Јули 2012 година.
Сега Љубчо Георгиевски, со неговите ставови дека треба да го промениме државното име, самиот си се сместува во клубот на предавниците. За разлика од некогаш, денес Георгиевски покрај останатите свои антимакедонски ставови, заговара и промена на името на нашата земја.
„Ги замолувам сериозно да седнат и отворено да разговараат за предлогот на Метју Нимиц, „Република Северна Македонија“ кој е достоинствено решение – рече Георгиевски.
Тој истакна дека е подготвен на сите телевизиски дебати да објасни дали идентитетот на земјата се загрозува со решението „Република Северна Македонија“. Георгиевски на прес-конференцијата потенцираше дека програмската шема на телевизија Сител и антиквизацијата која моментно се врши во Македонија, три пати повеќе го загрозува идентитетот за разлика од името Северна Македонија. - „Георгиевски: Република Северна Македонија е достоинствено решение, прифатете го!“, Инфо Плус, 23.05.2012 година.
Промената на името, нешто со кое што најголемиот дел од македонските граѓани не се согласуваат, ги промовира како „нишо страшно“, а со тоа ги поткопува и македонските преговарачки позиции.
„Апсолутно сметам дека Северна Македонија не е ништо страшно, ништо катастрофално, по ниедно прашање за Македонија, меѓутоа за жал очигледно тоа што го сметаме во Македонија сме малцинство, вели Љубчо Георгиевски во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), пренесе МИА.“ - “Георгиевски: Северна Македонија не е ништо страшно“, Дневник, 05.07.2012 година.
Се чини дека патот од македонски патриот до национален предавник, барем кога се работи за Георгиевски, и не е така долг.
„Од непоколеблив патриот и македонист стана аналитичар кој се залагаше за промена на македонското име за да сме го фателе последниот воз за Европа“ - Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, MN.mk, 25.01.2012 година.
Дополнително:
Најпатриотско решение за името ??? (16. април 2011)
No comments:
Post a Comment