Лидерите, меѓу другото, се карактеризираат со тоа што брзо донесуваат одлуки и остануваат верни на истите тие одлуки. Љубчо Георгиевски кој си го има променето ставот по толку многу прашања, имено поради тој факт во никој случај не би можел да се нарече лидер.
За патриот и верен син на мајка Македонија пак воопшто не може да станува збор. Колкава заслуга и да имал во минатото сега таа неповрaтно е прокоцкана!
Изјавите кои во последниот период тој ги дава се дијаметрално спротивни од неговите изјави во деведесетите години и одат во корист единствено на противниците на нашата земја. Тие редовно се цитирани и се пласираат во грчките медиуми и служат како поткопувач на позициите на Република Македонија во спорот со името.
(Фото: ПлусИнфо, променета)
Пред извесно време Георгиевски ја промовираше својата автобиографија Тоа сум јас, во која тој самиот си ги негира своите ставови од минатото со што безмилосно се погазува самиот себе. Всушност далеку поправилен наслов за неговата книга секако би бил Исповест на еден пишман аџија или пак Што плукам ќе лижам.
Од компетентни луѓе за оваа неговата автобиографија беше напишано дека иако тој ја промовира како таква, воопшто не се работи за автобиографско дело.
Имајќи ја предвид променливоста на карактерот на Љубчо Георгиевски, воопшто не би нè зачудило по десетина години тој да излезе со нова книга во која ќе го негира напишаното во оваа.
Георгиевски во толку многу наврати самиот непринудено си го има погазено сето она за што некогаш, барем вербално, се залагал. Кога тој не си ги почитува сопствените зборови, ставови и дела, нема причина зошто било кој од нас да го почитува она што тој сега го говори и пишува во неговата книга. Човек кој толку многу пати без срам излажал не заслужува доверба.
Всушност и да не беше така, и сè што кажал да е вистина, неговата автобиографија е оценета како аматерско дело, кое не вреди да се чита:
Во оваа серија блог-статии, која ќе биде објавувана по еднаш на 2-5 дена, ќе се обидеме да ви прикажеме колку вреди (односно невреди) зборот на дволичниот пишман аџија Љубчо Георгиевски.

„Штетата што Геогиевски и ја прави на Македонија е голема. Овдешните медиуми пишуваат дека неговите изјави се многу моќно дипломатско оружје за Грција бидејќи овој човек е поранешен премиер и активен политичар. Токму случајот со Георгиевски, македонскиот премиер со бугарски пасош, грчкиот премиер Самарас во интервјуто за државната телвизија во 2008 ма, го користеше како аргумент во полза на неговите фантазии за распад на Македонија.“ - „Љубчо ги срами Македонците, но ги радува Грците!“, Нетпрес, 01. 07.2012
(Фото: ПлусИнфо, променета)
Пред извесно време Георгиевски ја промовираше својата автобиографија Тоа сум јас, во која тој самиот си ги негира своите ставови од минатото со што безмилосно се погазува самиот себе. Всушност далеку поправилен наслов за неговата книга секако би бил Исповест на еден пишман аџија или пак Што плукам ќе лижам.
Од компетентни луѓе за оваа неговата автобиографија беше напишано дека иако тој ја промовира како таква, воопшто не се работи за автобиографско дело.
„Книгата, конципирана на прашања и одговори, ни оддалеку не е автобиографско дело (повеќе е подолго интервју), кое според сите стандарди (дури и за некласични автобиографии, книжевни хибриди), бара многу посветеност и време, водење приватна документација и правење постојани белешки, долгогодишни подготовки.“ - Весна Дамчевска / Фросина Димеска, „За автобиографија треба време, Георгиевски бил презафатен“, Нова Македонија, број 22623, 6.7.2012
Имајќи ја предвид променливоста на карактерот на Љубчо Георгиевски, воопшто не би нè зачудило по десетина години тој да излезе со нова книга во која ќе го негира напишаното во оваа.
„Немам намера да купувам дела од сончогледи, оти можеби утре ќе има второ продолжение Тоа не бев јас.“ - Благојче Андонов
Георгиевски во толку многу наврати самиот непринудено си го има погазено сето она за што некогаш, барем вербално, се залагал. Кога тој не си ги почитува сопствените зборови, ставови и дела, нема причина зошто било кој од нас да го почитува она што тој сега го говори и пишува во неговата книга. Човек кој толку многу пати без срам излажал не заслужува доверба.
Всушност и да не беше така, и сè што кажал да е вистина, неговата автобиографија е оценета како аматерско дело, кое не вреди да се чита:
„Автобиографијата на Љубчо Георгиевски, „Тоа сум јас“, најавена и со нетрпение очекувана од јавноста, веројатно (ќе) ги разочара вистинските, информирани, љубопитни и потковани читатели. Наместо вонреден издавачки потфат во домашната книжевна продукција, како што беше најавена, добивме само уште една набрзина составена, аматерска, нелекторирана, некнижевна, надвор од сите правила за пишување автобиографско дело.
Toa e книга што нема да ги задоволи ни оние со најснижени книжевни стандарди“ - Весна Дамчевска / Фросина Димеска, „За автобиографија треба време, Георгиевски бил презафатен“, Нова Македонија, број 22623, 6.7.2012
Во оваа серија блог-статии, која ќе биде објавувана по еднаш на 2-5 дена, ќе се обидеме да ви прикажеме колку вреди (односно невреди) зборот на дволичниот пишман аџија Љубчо Георгиевски.
No comments:
Post a Comment