Уште еден апсурд во врска со променливоста на ставовите на Георгиевски е неговото обвинување дека Македонците се откажале од Св. Климент и од Св. Наум:
Ова негово обвинување звучи трагикомично, имајќи предвид дека оној кој се откажа од нив и се обиде да ги ампутира од македонската историја е токму тој, Љубчо Георгиевски.
Тој со тврдењето дека Македонците имаат само стогодишна историја самиот ги испрати Св. Климент и Св. Наум на буништето на заборавот.
Истово самонегирање на Георгиевски е утврдено и од Мане Јаковлески
На обвинувањата на Георгиевски, претседателот на СМК Тодор Петров вели:
Најсоодветна негација на неговото тврдење дека сме се откажале од Св.Кирил и Методиј, и Св.Климент и Св.Наум се нивните споменици покрај Камениот мост на реката Вардар во Скопје.
„Од кога не сме чуле јавен збор за Св.Кирил и Методиј, или за Св.Климент и Св.Наум? Та, што се тие наспроти величината на Александар Македонски?! Единствениот реален корен врз кој можеме да се потпреме (словенскиот) го урнисавме, го деградиравме и го исмејавме.“ - Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година.
Ова негово обвинување звучи трагикомично, имајќи предвид дека оној кој се откажа од нив и се обиде да ги ампутира од македонската историја е токму тој, Љубчо Георгиевски.
„Ние имаме сто години јасна историја на македонската нација и на македонскиот идентитет.“ - Љубчо Георгиевски, Во Центар.
Тој со тврдењето дека Македонците имаат само стогодишна историја самиот ги испрати Св. Климент и Св. Наум на буништето на заборавот.
„Се наметнува и дилемата дали Георгиевски воопшто памети што изјавува, бидејќи во неговата автобиографија напишал и дека Македонците ќе го проколнеле мајчиното млеко затоа што според него, се откажале од св. Климент и св. Наум. Ако се земе во предвид дека св. Климент е роден во 840-та година, Георгиевски сам себе се демантира во тврдењето за наводната 100 годишна историја на Македонија.“ - „Љубчо ги срами Македонците, но ги радува Грците!“, Нетпрес, 01. 07.2012
Истово самонегирање на Георгиевски е утврдено и од Мане Јаковлески
„Во изјава дадена за медиумите, тој тврди дека, Македонците имаат само 100 годишна историја и дека требало да се задоволат со неа, а не да ја крадат историја од Грците, Бугарите и Албанците.
Заборавајќи што претходно изјавил, Георгиевски во својата автобиографија „Тоа сум јас“, каде вели дека, Македонците ќе го проколнеле мајчиното млеко, затоа што според него, се откажале од Св. Климент и Св. Наум. Ако се земе во предвид дека Св. Климент е роден во IX век, тогаш тој во главата има празнина од над 11 века.“ - Мане Јаковлески „Љубчо е за жалење“, Македонска Нација, 4 јули 2012
На обвинувањата на Георгиевски, претседателот на СМК Тодор Петров вели:
„...кој се откажал од Свети Кирил, кој се откажал од Свети Методиј, кој се откажал од Свети Климент, кој се откажал од Свети Наум? Зарем Македонците немаат право да ја изучуваат и историјата на Македонија пред седмиот век од нашата ера, зарем Македонците немаат право да ја изучуваат историјата на Македонија пред новата ера?“ - Тодор Петров, „Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела?“, Македонска Нација, 20 јули 2012 година.
Најсоодветна негација на неговото тврдење дека сме се откажале од Св.Кирил и Методиј, и Св.Климент и Св.Наум се нивните споменици покрај Камениот мост на реката Вардар во Скопје.
No comments:
Post a Comment