Saturday, October 25, 2014

Мрак, хумор, тишина

Официјално веќе свеж од печатница излезе стрип албумот „Мрак Хумор Тишина“, заеднички проект на сценаристот Јордан Коцевски и цртачот Дарко Богданов. Станува збор за своевидна антологија во која се вклучени кратките стрипови кои тие двајца ги имаат создадено во нивната досегашна петгодишна соработка. Стриповите може да се поделат во три тематски циклуси, како што кажува и самиот наслов на албумот.


Покрај нивните стрипови, во албумот исто така се вклучени и неколку стрипови кои секој од нив ги има работено и со други автори. Автори гости со свој удел во албумот се цртачите Андреј Манев, Весна Ничевска Саравинова и Игор Јовчевски, колористот Стефан Коцевски и сценаристот Александар Стеванов.


Издавачи на албумот се самите автори, а наскоро ќе следува промовирање на самото издание

No comments: