Monday, September 29, 2014

Вики ги сака спомениците 2014 Македонија

Вики ги сака спомениците (англиски: Wiki Loves Monuments; WLM) е натпревар на фотографии, организиран од Википедија/Викимедија за спомениците и заштитените објекти во Македонија. Натпреварот за прв пат е организиран во 2010 година од страна на Википедија на холандски јазик, а во 2014 година ќе се спроведе во повеќе земји, меѓу кои и Македонија.


Целта на натпреварот?

Со овој натпревар се сака да се соберат фотографии од македонските заштитени споменици. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие објекти на Википедија, како и за други слободни проекти!

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Една прва награда – денарска противвредност од бруто 300 евра
  • Една втора награда – денарска противвредност од бруто 200 евра
  • Три трети награди – денарска противвредност од бруто 100 евра
  • Наградени ќе бидат и петте најголеми придонесувачи, во денарска противвредност од бруто 100 евра

За повеќе информации, посетете ја Википедија на македонски јазик - Вики ги сака спомениците 2014/Македонија

No comments: