Saturday, July 26, 2014

Екстратерестријален живот - живот на Марс

2. ЖИВОТ НА МАРС

Прашањето за живот на Марс прв го покренал италијанскиот астроном Шиапарели откако ги забележал “каналите” во 1877 година. Марсовските канали претставуваат тесни, прави линии кои што се долги стотици, илјадници километри.

Во 1884 францускиот астроном Е. Л. Трувел набљудувајки го Марс забележал промени во бојата и текстурата на црвената планета кое за него значело сезонска промена на вегетацијата.

Најзаслужен за популаризацијата на митот за живот на Марс има американскиот астроном Персивал Лоуел. Тој кон крајот на 19 век за каналите тврдел дека толку прави линии не може да се геолошки феномен и дека мора да се артефицијално создадени од напредна марсовска цивилизација.

Во јули 1976 година откако пристигнале на Марс две американски капсули специјално опремени да детектираат живот, тие испратиле кон земјата податоци за отсуство на органски материи. Денес со сигурност се знае дека каналите не постојат и дека промените во бојата всушност се сезонски, но не се сврзани со вегетација, а со песочните бури.

No comments: