Saturday, June 28, 2014

Ѓорче Петров

На денешен датум во 1921 година загинува македонскиот револуционер Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров, целосно име Ѓорѓија Петров Николов, (2 април, 1865, с. Варош, Прилепско - 28 јуни, 1921, Софија, Бугарија) бил професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија.

No comments: