Thursday, April 17, 2014

Иљо Малешевски

На денешен ден во 1898 година умира македонскиот револуционер Иљо Малешевски.

Илија Марков Поп-Георгиев, познат како Дедо Иљо Малешевски или Иљо Војвода (1822, Берово - 17 април 1898, Ќустендил) бил македонски ајдутски и востанички војвода. Кон средината на 19 век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. Иљова легија или Македонски одред.

No comments: