Thursday, March 06, 2014

Македонска Ризница, дваесетти број

Дваесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Горди, домаќини, големи срца, срдечни, весели, напатен народ но со високо крената глава и свои на своето – ова е описот кој ќе ви го даде секој странец кој некогаш сретнал МАКЕДОНЕЦ. Со право е светот воодушевен од нашиот менталитет. Топлината на нашата земја се слеала во крвта на секој МАКЕДОНЕЦ. Знаеме да почитуваме, да се веселиме, знаеме да си ги чуваме семејните вредности – но....

Но, не многу знаеме за самите себе – за жал. Се чини повеќе нашата култура ја ценат оние однадвор отколку ние самите. Повеќе ја чуваат странците отколку ние самите. Се восхитуваме на историското наследство на туѓите земји, а за нашето малку или недоволно знаеме.

Еднаш поставив прашање во една моја колумна – обично прашање поради кое колумната буквално го обиколи светот. Тоа е еден од моите најчитани текстови, а поради само еден за мене поразувачки факт – а тоа е одговорот на моето прашање во текстот.

Знаеме ли кои сме? Која е Македонија?

Во текстот само набројав некои помалку познати факти за нашата преубава земја. Текстот молскавично се ширеше, а исто како и јас повеќето читатели првпат прочитале за некои од информациите во текстот – и тоа даде одговор на моето прашање –

НЕ, НЕ СИ ЈА ЗНАЕМЕ МАКЕДОНИЈА, НЕ, НЕ ЗНАЕМЕ ДОВОЛНО КОИ СМЕ!

Затоа и сметам дека списанија како Македонска Ризница се БОГАТСТВО. Како ќе им пренесеме на младите што има нашата земја, која е нашата историја ако не пишуваме за тоа, ако не објавуваме текстови за ова преубаво парче земја.

Горди сме си на Македонија, но потребни ни се информациите за минатото, за сегашноста, за тоа која била, која е и на каде ни оди нашата Македонија.

Читајте ги овие страници – ќе се зачудите колку од овие информации пренесени низ текстовите не сте ги знаеле, Верувајте – ќе се чуствувате исполнето – ќе бидете уште погорд МАКЕДОНЕЦ, со уште погоре крената глава за тоа кои сме, од каде доаѓаме, што имаме!!

Анита Петровска Рајковиќ

No comments: