Thursday, February 13, 2014

Drama u Đurovom dolu

„Drama u Đurovom dolu“ е 103-та епизода од југословенската стрип едиција „Никад робом“ издадена на 30 јуни 197 година. Стрипот е според текст на М. Јанковиќ, а цртежот е на С. Спалајковиќ.


Стрипот е посветен на Илинденското востание, а во уводниот дел пишува:

„Крушевска република

Во Македонија на Илинден, 2 Август 1903 година, започнало сеопшто востание против тогашната феудална турска власт. Предвечерието 3 август, ослободено е Крушево - центарот на востаниците. Утредента на соборот на претставниците на сите народности во Македонија избрано е народно претставништво и прогласена е Крушевската република на чело со револуционерот - социјалист Никола Карев. Во Крушево, македонските социјалисти за прв пат, по паришката комуна, го развеале црвеното знаме. Оттогаш македонското знаме е со црвена боја.

Веднаш по избивањето на востанието, Турците се кренале со огромна војска да го задушат востанието. Кон Крушево се упатени околу 20.000 турски војници. Бранителите на Крушевската република немале тешко вооружување, па крушевските колари и ковачи изработувале топови од дебела цреша. Овие топови внесувале паника меѓу Турците. Неколку дни се водени жестоки битки на приодите кон Крушево. По нерамната борба членовите на Главниот востанички штаб со дел од востаниците се повлекле кон Демир Хисар.

Крушевската република опстанала неполни две недели. Иако е задушена во крв, како и целото востание, таа претставува еден од најславните револуционерни настани во борбата на македонскиот народ за слобода.“

No comments: