Цар Гаврил Радомир - стрип

„Car Gavril Radomir“ (Цар Гаврил Радомир), посветен на истоимениот македонски владетел, е стрип на Д. Ташковски (сценарио) и М. Топуз (илустрација).  Стрипот е објавен на 29 март 1968 година.



Во воведот на овој 142-ри број на југословенската стрип едиција „Никад робом“ пишува:

„Династички судири

Ненадејната смрт на македонскиот цар Самуил, на 6 октомври 1014 година, покажала не само дека и царевите се смртни, туку и ја потврдила старата вистина дека по смртта на царевите доаѓаат тешки дни на искушение исполнети со династички борби и караници.

Расправата помеѓу великаните на Македонското царство и патријархот Давид, била таква што луѓето кои биле на државниот сабор во зачуденост прашувале: што има да се расправа околу царувањето, кога цар Самуил оставил зад себе законски наследник, синот Гаврило Радомир, искусен војник и борец.

Но работата не била само во тоа. Стариот патријарх Давид, кој по секоја цена сакал да ја зачува предноста на православната црква над богомилската ерес која била слободна, ги изненадил сите кога го поставил прашањето за легитимноста на самуиловиот син Гаврил за царскиот престол. И тоа не поради тоа што Гаврил не бил дораснат за такво големо звање, туку затоа што неговата ортодоксија кон православието била сомнителна.“

No comments: